Се проценува дека веб базираното споделување фајлови воопшто не е намалено по затворањето на најголемиот "посредник" Megaupload и апсењето на неговиот соптвеник Ким Дотком во Нов Зеланд.
Сервисот држеше убедливи 25 проценти од вкупниот ваков интернет сообраќај а по неговото затворање, корисниците главно се префрлија на Putlocker и RapidShare. Најголем добитник е Putlocker кој од 6 порасна на удел од 28 проценти од вкупниот број споделувани фајлови. Од 8, RapidShare отиде на 15 проценти од сообраќајот.
Резиме од целата ситуација: 92 проценти од компаниите се уште користат услуги за делење големи фајлови преку некој прелистувач.
Во меѓувреме, Ким Дотком е пуштен на слобода со кауција а американските власти поднесоа барање за негова екстрадиција во САД.
Кој е следен на нишан? Филмската индустрија го пикира Hotfile.