Дотком запеа против Обама

Газдата на блажeноупокoениот сервис Megaupload на Јутјуб лансираше песна која а) ги повикува Американците да не гласаат за Обама, и б) себе се споредува со Мартин Лутер Кинг. В и г се дека песната е тралалајка и дека богатството на Ким Дотком изнесува близу 200 милиони долари.

Со куација, во моментов Ким Дотком е на слобода во Нов Зеланд и го чека исходот на американската иницијатива да биде екстрадиран во САД. Се обвинува дека на индустријата и нанел штета од половина милијарда долари. Може да биде осуден до 20 години затвор. 

 

25 јули 2012 - 08:40