Објаснувајќи дека некои од предложените акции, може да не бидат "политички коректни," во официјалните материјали на курсот се зема предвид дека "заради праксата на исламските терористи, Женевската конвенција од 1949-та повеќе не е валидна."
"Ова ја остава отворена опцијата повторно да ја пренесеме војната меѓу цивилното население, кога тоа ќе биде потребно (историските преседани во Дрезден, Токио, Хирошима, Нагасаки се изводливи и во Мека и Медина)," стои во официјалните документи.
Курсот, кој во основа предлагал "тотална војна" против исламот, бил укинат од Пентагон откако еден од учесниците се пожалил на содржината на материјалите. Но и по ова, организаторот на курсот, потполковникот Метју Дули, ја задржал својата позиција во Министерството за одбрана.
"До сега сфативме дека нема умерен Ислам. Затоа време е САД јасно да ги нагласи своите намери Оваа варварска идеологија повеќе нема да биде толерирана. Исламот мора да се промени или ние ќе го олесниме неговото самоуништување, " порачал Дули, минатата година за време на едно предавање.