16-те милиони долари се дел од исплатата што на Вилијам му следува од имотот на мајка му. Кога загина во 1997-ма, Дијана остави околу 20 милиони долари во акции, накит и готовина.
Со текот на годините и преку добри инвестиции, овие пари пораснаа на повеќе од 30 милиони долари, кои треба да бидат поделени меѓу Вилијам и Хари. Првично двајцата синови требаше парите да ги добијат на 25 години, но ова беше променето на 30 по смртта на Дијана.
Сега принцот заработува по 60.000 долари годишно како пилот на британското воено воздухопловство, добива џепарлак од татко му, а располага и со фонд од 3 милиони долари од баба му.
Можно е Вилијам да реши и поголемиот дел од фондот на мајка му, да му го остави на Хари, бидејќи тој како иден крал се очекува да заработува многу повеќе од неговиот помал брат.