Вести

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Речник

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Во одбрана на поседувањето дрога

Јавно, ама без да се трудат да бидат многу гласни, Светската здравствена организација поддржа укинување на казните за поседување дрога за лично користење, а им даде и препораки на државите како да го направат тоа.

Што значи "домашно готвено"?

Французите откриваат дека 70% од рестораните во Париз кои нудат домашна храна, всушност служат загреана фабрички произведена храна. Ова го решаваат со воведување закон со кој секој што лаже дека служи домашна храна се казнува со 300.000 евра. Сега треба да решат од каде точно почнува домашното готвено.

Дајте да ги стреламе

По последниот ужас кој на осуден на смртна казна му го приредија затворските власти во Аризона, судија од федералната апелација предлага да се укинат неефикасните смртоносни инјекции и луѓето да бидат ферски ставени пред стрелачки вод.

Џон Оливер, државен непријател на Тајланд

Тоа што вам ви е смешен Џон Оливер, не значи дека и е интересен и на воената хунта на Тајланд, посебно кога ја исмејува владата и монархијата на земјата.

Што нè научи компир салатата?

Кикстартер идејата да се соберат 10 долари за правење компир салата, заврши со неверојатни 50.000 долари. Иако признава дека сè почнало како заебанција, човекот кој ја водеше оваа лудо успешна кампања има пар совети за сите оние кои планираат да соберат пари од луѓе на интернет.

Поворката со жртвите од летот МH17

По пристигнувањето во Холандија, секоја од жртвите со посебен автомобил беше пренесена од аеродромот до гробиштата. Ова е видео од еден од мостовите на кои беа собрани луѓе за да ја поздрават поворката со починатите.

Ужасот на пилешкото месо

Во Британија се колат 17 милиони птици неделно. Гардијан прави тајна истрага за хигиенските услови на фармите и фабриките за пилешко месо кои ги снабдуваат најголемите супер-маркети и ланци за брза храна во земјата - KFC, Теско, Алди, Асда. Целата работа ја снима.

Американскиот МH17

1988-ма САД и Иран веќе некое време се во притаена војна. Американците во Персискиот залив го имаат крстосувачот УСС Винсенс. На 3-ти јули Американците погрешно проценуваат дека еден ирански цивилен авион е воен и го соборуваат. Загинуваат сите 290 лица на авионот, меѓу кои и 66 деца.

Дуран Дуран го тужат својот фан клуб

За пари пари. И да покажат дека не се глупи глупи.

1999-та: последната голема година во филмовите

Фајт Клуб, Да се биде Џон Малкович, Матрикс, Блер вич проект, Магнолија. Тие ја предвидоа револуцијата во филмот, која никогаш не се случи, пишува Ескваер.

Израел треба да е во Германија

Израел и Палестина пак се пукаат. Цивилите пак гинат. Семејствата губат домови, хаосот продолжува. Пак. Ништо од ова немаше да се случува ако Израел беше сместен онаму каде што има логика: Во Германија.

Дали на светот му треба Светската банка?

Не е дилемата околу потребата на светска банка, туку околу тоа дали има потреба од светска банка со над 10 илјади вработени, која повеќе никој не ја есапи.

Две мапи во корист на Путин

Во март кога Русија го анектираше Крим, ЕУ и наметна санкции на земјата. Кога пред неколку дена беше соборен малезискиот авион, ЕУ најави уште посилни санкции. Во исто време Русите и понатаму не изгледаат како да паѓаат на овие закани.

Митовите за соборениот малезиски авион

Холандскиот велосипедист Мартин де Јонг два пати ја избегнува смртта пропуштајќи ги двата кобни лета на Малезија ерлајнс (МH17 и MH370). Како што објасни Вулф Блицер на СиЕнЕн и во двата случаја Де Јонг во последна минута решава да не се качи на летот. Проблемот е што нема никаков доказ дека де Јонг воопшто направил резервација за карта за летовите.

Дали би платил 250.000 долари за стан од 18 квадрати?

Зградата е веќе изградена, и е предвидена за луѓе кои се подготвени да живеат во најмалите можни станови на светот. Микро-становите ќе почнат да се продаваат од 26-ти јули, (а покрај тоа како ви изгледа насловот) се меѓу подостапните домови на пазарот. Локација, едно од најнаселените места на светот - Хонгконг.

Авении преполни со милионери

Њујорк е четврти на листата на градови според бројот на милионери што го има во својата популација. Се на се, секој 25-ти Њујорчанец е милионер.

Дизајнирање оперативен систем за демократија

Отворена веб  мобилна иплатформа која на граѓаните им го олеснува учеството во решавањето на политичките прашања кои ги засегаат. Засега, резултатите се скромни, бидејќи мрзата и незаинтересираноста често се потценети фактори.

Данците се генетски програмирани да бидат среќни?

Владите на државите кои полошо стојат од Данска на глобалниот индекс на среќата можат да накриват капа: одговорот зошто Данците секогаш се на врвот на среќните луѓе на оваа планета да ти лежел во генетиката.

Подем на некрофилскиот туризам

Досега имаше летен, зимски, бањски, планински, здравствен, верски... Сега има и црн, односно мрачен туризам. Се сеќавате како скопјани сеиреа гледајќи што се случува во Арачиново?

Случајна студија во полза на легалната проституција

Пред десетина години, Роуд Ајленд несакајќи ја легализира проституцијата која се одвива во затворен простор, И тогаш, во државата се случува нешто прекрасно.

Добра и лоша храна за секоја деценија од вашиот живот

Како што со стареење еволуира твојот вкус за храна, така и твојот организам не се однесува исто кон една иста храна ако ја јадеш на 20 и ако ја јадеш на 60 години. Во основа колку повеќе старееш, толку е покревок организмот во однос на твоето мени. Ова се некои од правилата препорачани од нутриционистката и порпарол на Британската диететска асоцијација - Хелен Бонд.

Ексел за брачниот не-секс

Сопругата била во такси накај аеродром со кој заминувала на 10 дневно деловно отсуство. Сопругот ѝ пратил писмо во кое педантно ѝ набројува зошто нема да му биде тешко да издржи без жена.

Економски ќар од вадењето на Коста Конкордија

Во јануари 2012-та, Коста Конкордија заринка во близина на италијанското крајбрежје и две и пол години остана таму. Неделава бродот треба да биде тргнат од таму. Целата операција ќе и донесе на италијанската економија околу 1 милијарда долари.

Моите ученици не знаат да разговараат

Професор од средно училиште ја споделува приказната како ги фрапирал учениците кога им најавил дека ќе почнат да учат да разговараат.