Дуран Дуран го тужат фан клубот на Дуран Дуран заради прекршување на договорот со што биле оштетени за 40.000 долари.
Во 2010-та групата потпишува договор со Worldwide Fan Clubs, Inc. кој им гарантира 75 проценти од приходите, остатокот го задржува компанијата која и им го организира глобалниот фан клуб.
Меѓутоа, вториве не воделе прецизни податоци, не пријавувале приходи од членства и слично па им останале должни 40 К. Компанијата со која имаат потпишано требало да биде и магацин од кој ќе се продаваат зезалици (маици, постери, тракатанци) на тема Дуран Дуран.
Во моментов групата во оригалната постава од 81-ва минус Енди Тејлор подготвува нов албум на кој помага екс гитаристот на Пеперси, Џон Фрушанти.