Истражувачите на Центарот за компетитивни предности во глобалната економија од Ворвик се запрашале зошто Данска и Холандија редовно ги надминуваат земјите со слично висок БДП кога се мери индексот на среќата. Дошле до три сознанија кои сугерираат дека високиот степен на задоволство од својот живот не зависи целосно од стандардот туку има нешто и во ДНК-та.
Биле анализирани податоците од 131 земји. Особено во поглед на "генетската оддалеченост" при што резултатите биле изненадувачки:
"Фактите покажуваат дека колку населението на некоја земја е генетски подалеку од Данците, толку таа земја полошо стои ја листата на среќни луѓе", вели еден од авторите на студијата, економистот Еугенио Прото.
Втората анализа покажала дека нивото на среќа е во корелација со генот кој влијае на тн хормон на среќата, серотонинот. Пократката верзија на овој ген се поврзува со невротичност и помало задоволство од животот а подолгата варијанта со среќа и задоволство. И, Данците и Холанѓаните имаат најмал процент од онаа кратка верзија.
Третата гранка на студијата одела кон испитување на генерациското наследување на овие карактеристики. Била анализирана среќа на Американци што потоа се поврзало со среќата на луѓето од каде што потекнуваат тие Американци. И тука Бинго.
Истражувачите сметаат дека се потребни сериозни анализи кои би ги објасниле податоците до кои дошле.