Според анализата на Спиарс магазинот и консултантската компанија WealthInsight, вкупно 4,63% од жителите на Њујорк, или 389.100 луѓе се милионери.
"Њујорк од секогаш бил бастион на богатството не само во Америка, туку и во светот. Тој го има втората најголема популација на милионери во светот, а е на прво место по бројот на милијардери," објаснува аналитичарот од WealthInsight, Оливер Вилијамс.
На прво место на списокот е Монако каде што секој трет жител е милионер, а по него следуваат Цирих и Женева.
Во топ 20-те градови по густината на милионери 13 се од Европа, а од САД освен Њујорк ги има Хјустон и Сан Франциско.
Проценти на милионери во вкупната популација:
1. Монако (29.21%)
2. Цирих (27.34%)
3. Женева (17.92%)
4. Њујорк (4.63%)
5. Франфурт (3.88%)
6. Лондон (3.39%)
7. Осло (2.90%)
8. Сингапур (2.80%)
9. Амстердам (2.63%)
10. Фиренца (2.59%)
11. Хонг Конг (2.58%)
12. Рим (2.54%)
13. Даблин (2.40%)
14. Доха (2.31%)
15. Торонто (2.29%)
16. Вениција (2.25%)
17. Брисел (2.11%)
18. Хјустон (2.09%)
19. Сан Франциско (2.07%)
20. Париз (2.04%)