2003-та е годината кога судски е утврдено дека проституцијата во затворено не може да биде кривично гонета, поради еден легислативен пропуст во 80-тите години.
На државата ѝ беа потребни 6 години да ја затвори оваа законска дупка која дозволуваше легално да се плати за секс доколку договорот се одвива во приватни простории. Институциите малку беа засрамени од ваквиот аматеризам но истовремено тоа беше одлична можност за еден спонтан експеримент, што се случува кога проституцијата се декриминализира.
А во тие 6 блудни години се случува значителен пад на бројот на силувања и значително намалување на случаите на сексуално преносливи болести.
Меѓу 2004-та и 2009-та, бројот на силувања паѓа за 31 процент. Дури 824 случаи помалку. Најголем пад се случува во Провиденс, каде што цвета проституцијата на затворено (салони за масажи, ексорт агенции.). Тоа го покажува и долната табела. Црвената линија е пресвртната 2009-та година, кога декриминализацијата стапува во сила. Силувањата се намалуваат само во Роуд Ајленд:
Треба да се знае дека во тој период, во Роуд Ајленд се намалуваат само силувањата додека останатите кривични дела (напади, убиства, грабежи), остануваат "на свое", што значи дека падот на силувањата не е резултат на некоја посебна политика.
Истовремено, се намалува и бројот на СПБ. Гонореа кај жените паднала за 39 проценти.
Познавачите претпоставуваат дека ваквите позитивни трендови се должат на некоку факти: декриминализацијата на проституцијата има дава подобра преговарачка позиција на сексуалните работнички. Работат на затворено, на сигурно и поретко можат да бидат жртви на насилници. Истовремено, тоа на фирмите кои се занимаваат со овој бизнис им остава простор да вложуваат во безбедност и да ги подобруваат односите со полицијата и другите институции. А постои и трета, малку непријатна хипотеза, според која која насилните мажи ја доживуваат проституцијата како замена за силувањето. Кога сексот со проститука е легален и ефтин, потенцијалните силувачи се откажуваат од насилство и преферираат купување.