Израел треба да е во Германија

Израел и Палестина пак се пукаат. Цивилите пак гинат. Семејствата губат домови, хаосот продолжува. Пак. Ништо од ова немаше да се случува ако Израел беше сместен онаму каде што има логика: Во Германија.

Без разлика на чија страна сте во спорот Израел контра Палестина, фер е да признаете дека добар дел од фундаменталните проблеми лежat во локацијата на Израел.

Да, после толку века прогонување и дискриминација, Евреите имаа доволно причини да бараат своја матична земја. А Палестинците имаа доволно причини да сакаат да останат на територијата на која живеат.

Накратко:

Евреите: Предолго не протеруваа. Сакаме своја земја.

Палестинците: Ок е тоа, само не земајте од нашата.

И така е формиран Израел, за едните како чин на историска правда, за другите како чин на историска загуба на своја земја иако тие не им сториле ништо лошо на дојденците.

Што ќе беше ако земја беше одземена од оние што навистина им сториле нешто лошо на Евреите? Кога Израел беше создаван (1947-1948), Германија веќе беше поразена и се наоѓаше во милост на Сојузниците кои со неа можеа да прават што сакаат.

Што ако наместо дрпање територија на Средниот Исток што резултира со бескраен конфикт и омраза, Евреите беа наградени со парче од Германија? Дајте им ја подобрата половина од Германија, дајте им го Берлин, убавите планини.

Германското парче ќе беше поголемо од сегашниот Израел, ќе имаше побогати природни ресурси и најважно од сè, немаше да биде опкружено со Муслимани посветени на тоа да го уништат.

Некои ќе речат, Израел морал да биде лоциран онаму каде што е сега заради "Светата земја" и све тоа. Извинете, ама мистичните и емпириски недокажани верувања во некаква светост на некоја земја не може да биде причина да упаднеш таму и да ја одземеш од други. Пораснете.

Сега можеби е доцна да се премести Израел во Германија. Но, кога ќе помислите на следните седум децении војна околу тоа парче земја, идејата не звучи лошо. Германија би требало да се помири со тоа, барем додека не е умрен и последниот Нацист. Тоа е најмалку што може да го стори за Евреите.

Хамилтон Нолан, Gawker