Известувањето околу уривањето на летот MH17 беше проследено од неколку сериозни медиумски гафови. Во вторникот новинарот на Скај Њуз се извини затоа што буричкал низ куферот на едно од децата на авионот. Претходниот ден новинарката на холандските вести, која читаше од дневникот на едно од загинатите деца, пред камера се извини за својата постапка.
Исто така имаше и вест дека 100 врвни светски научници за СИДА биле на летот со кој се враќале од СИДА 2014. конференцијата во Мелбурн. Веста беше посебно трагична затоа што се работеше за 100 луѓе кои својот живот го имаат посветено на спасување туѓи животи и решавање на проблемот со болеста. Веста ја пренесоа сите, од Гардијан до Тајм, а Обама го повтори ова тврдење во своето обраќање.
Сепак фалинката во оваа сторија е што до сега организаторите на СИДА 2014. успеале да идентификуваат само 6 делегати од конференцијата меѓу патниците на MH17.
Се уште не е сигурно од каде се појави веста за 100-те научници на летот, само се знае дека не е од организаторот на конференцијата, како што медиумите првично тврдеа. Најверојатно е дека потекнува од Твитер, каде учесниците на СИДА 2014. почнаа да наддаваат со бројката на жртви.
Слично е и со холандскиот велосипедист, кој само изјавува дека сакал да лета со овој лет, затоа што неговите ќе можеле да го земат од Амстердам. Тој никогаш не спомнува дека резервирал или купил карта. Подоцна тој прекинува да ги коментира сите гласини за да не биде тој главната приказна на целата катастрофа.