Во епизода од 22-ри јуни, Џон Оливер и фаќаше сеир на "кампањата за среќа" на генералот Прајат Кан-ока (главниот на целата хунта), а потоа продолжи да го опишува тајландскиот принц како "кловн" и "идиот." Оливер почна да го дискутира и тајландскиот закон за заштита на монархијата, со кој секој што ќе го исмева кралското семејство се казнува со 15 години затвор.
Во документ до кој доаѓаат Вајс њуз, напишан 4 дена по емитување на емисијата, се разгледуваат прекуморските активности за кои хунтата смета дека "ги поткопуваат кралските инстистуции." Главна тема е движењето "Free Thai" основано од активисти во егзил кои се борат против воениот удар, меѓутоа во извештајот има и 34-годишна Тајланѓанка, фризерка во Лондон која ја критизира монархијата на социјалните медиуми, познат про-демократски активист од Тајланд кој работи како професор во Кјото и коментарот на Џон Оливер.
Во извештајот не се споменува никаква закана за Џон Оливер или планови негово санкционирање.
Инаку монархијата има голем проблем да се адаптира на денешните стандарди и своите очекувања да ги доближи до она што го размислува народот. На пример, тие се уште очекуваат Тајланѓаните од почит да клекнат на колена секој пат кога некаде ќе се појави член на кралското семејство.
Репортажа на Вајс њуз од Тајланд: