Вести

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Речник

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Јадеме еден те ист зеленчук

Тоа не само што не досадно туку и е проблем, како за луѓето и нивната исхрана, така и за шареноликоста односно биодиверзитетот на растенијата што се јадат. Масовното земјоделско производство форсира многу мал број култури додека други се соочуваат со исчезнување. Јадеме пет, шест, седум зеленчуци, додека во светот постојат речиси 1.500. 

Живот моторџиски

Минатата недела во престрелка меѓу моторџии, во која учествуваат 5 моторџиски банди, убиени се 9 лица, 170 се повредени, а полицијата запленува околу 100 парчиња оружје. За престрелката зборува поранешен член на една од бандите, кој подоцна станува агент на ДЕА.

Кадифената тупаница на новите диктатори

Стандардот за диктатор во 20-от век се формира врз делата на ликови како Хилтер, Сталин или Мао кои убиваат милиони луѓе во име на своја идеологија. Како што е ред, во последните децении со еволуција на општествата и политиката, еволуира и авторитарноста, која сега треба предвид да земе и интернет, глобални медиуми и економија.

Кошмарното сценарио во бизнисот со ГМО

Одлуката на синџирот ресторани Чипотл, да служи само генетски немодифицирана храна за многумина не е некој историски настан. Но јасен знак дека потегот е значаен е што тој наиде на бура реакции во медиумите - Чипотл беше наречен неодговорен, анти-научно настроен, ирационален, и сето тоа од перата на Вашингтон Пост, Тајм, ЛА Тајмс, Чикаго Трибјун и голем број други влијателни медиуми.

Во одбрана на смедеревката и кавадарката

Врз основа на научни истражувања и следење на реакции на делови од мозокот се потврдува дека скапото вино навистина има подобар вкус, ама само под услов ако знаеш дека пиеш скапо вино.

Комплексот на бубалица и мрачното минато на Супермен

Зак Снајдер прилично го настрада по излегувањето на првите официјални инсерти од Бетмен вс. Супермен, конкретно затоа што одлучи да прикаже Супермен поинаков од одликашот со кој сите имаме израснато.

Градот од 100 милијарди долари

Новиот град од нула треба да се крене во Саудиска Арабија на брегот на Црвеното море, и за 100 милијарди долари треба да биде готов до 2035-та година. Предвиден е за 2 милиона жители, а се вика - Економскиот град на Крал Абдула.

Поразот на Џон Кери и нераскажаната сторија за Украина

САД почна срамежливо да признава дека ја има преценето својата сила околу Украина, па помирувањето со реалноста е најдобрата можна политика, пишува Патрик Смит во текстот за Салун.

Инстаграми од 100.000 долари

На изложба во Њујорк најразлични Инстаграм фотографии се продаваат по цена од 100.000 долари. Заедничко за нив е што сите се украдени од нечии профили, а парите ќе одат уметникот на кој му текнало да ги украде.

Аман, не ги бранете

На примерот на влијателниот и популарен Фокс њуз, во врска со темата: како партизираните и навивачки медиуми не само што ја прават својата публика поглупа (тоа на наши примери го гледаме по Фејсбуци и Твитери) туку им прават штета и на партиите и каузите кои без усул ги бранат.

Убедувањето гласачи функционира. НЕ!

Минатата година постдипломец од УКЛА и политиколог од Универзитетот Колумбија објавуваат неверојатна студија која во основа покажува дека со одење од врата на врата можеш да разубедиш човек околу неговите политички ставови. До тогаш ова беше незамисливо во политичката наука. Една година подоцна излезе дека сепак стварно е невозможно да разубедиш човек.

Не можеш да бидеш и панкер и естаблишмент

Деновиве излезе "Дани затворених врата", најновото од Хладно Пиво. Подеднакво свежо е и интервјуто со нив на тема панкери, бунтови, млади револуционери, панкерско брендирање...

Со сила, за туѓо добро

Францускиот парламент вети дека ќе почне да се справува со "националната епидемија на фрлање храна," и за почеток им нареди на супермаркети непродадената храна (која се уште може да се јаде) да ја донираат на добротворни организации.

Планот да се пресели еден цел град

Може ли еден град, сосе партали, да се собере и да киниса на друго место? Го нарекуваат најрадикалниот урбан релокациски проект во овој век - шведскиот град Кируна планира да се сели. Топтан, сосе 18,200 жители.

Непотребноста на тестот за паралелно паркирање

Луѓето треба да научат паралелно да паркираат и тоа е нешто клучно што мора да се знае за урбано преживување, ама бесцелно е ова да се полага на тестот за возачка, "одзема премногу време и никој не загинал возејќи 5 км/ч."

Сè поопасната ситуација која моментално се развива на Балканот

Пред некое време Advance.hr објави сериозен и опширен текст за Македонија, но по кратко време решава да му ги извади најсочните делови, и тоа со добронамерна причина. Знаат дека истиот тој текст овде, во Македонија ќе стаса распарчен (секој ќе си земе од него тоа што му годи на уво) па го реобјавуваат во скратена верзија, оставајќи го само заклучокот на авторот.

15 години затвор може да изгледаат - далеку

Шефот на некогашната тајна полиција на Пиноче доби затворска казна од 15 години. Ајде, ајде, се издржува тоа, ќе рече човек. Ако не знае дека истиот веќе служи затворска казна од 490 години.

Рециклирачките на облека

"За тие луѓе водата е многу скапа и затоа алиштата ги носат само неколку пати, и потоа ги фрлаат," е објаснувањето на една од Индијките за купиштата алишта што од Запад им пристигнуваат за рециклирање.

Министерот за финансии пригоден за грчка трагедија

Ако Грција во многу скоро време не добие пари на заем земјата може ќе биде присилена да ја напушти Еврозоната. И покрај ова Грција ни под разно нема да прифати голем број од условите што се бараат од нејзе. "Проклет да сум ако прифатам уште еден пакет на економски политики кои ќе ја продолжат истата криза. Тоа не е она за што бев избран," гневно и објаснува Варуфакис на новинарката на Њујорк Тајмс.

Зградата од 25 милиони долари што никој не ја сака

Не само што не ја сакаат зградата, туку никогаш не им била потребна, ниту пак некогаш ја искористиле, а изградена е и покрај тоа што 3 американски генерали по ред се обиделе да го сопрат проектот.

Во светот на платите

Список на најплатените работни позиции во компанијата Тесла. Листата е од професии кои работат нешто, без церемонијалните и непродуктивни титули како човечки ресурси, среден менаџмент, процедури и најразлични директори.

Зошто се исплати да си кретен

Исто како што по вашите лични искуства имате аргументи и зошто човек треба да биде кретен во животот, и зошто треба да биде коректен кон другите, така и книгите и стручната литература имаат аргументи за двете работи. Ако се прашува науката, по ново, таа избира за првата варијанта.

Рак на човечност

Четири добротворни организации за помош на заболени од рак од 2008-ма до 2012-та собираат 187 милиони долари во донации. Од овие пари само 3% се користат за помош на заболени од рак. Бонус: сите четири организации ги води едно семејство.

Митот за убиството на бин Ладен

Текстот во Њујорк Тајмс од пред некој ден за упадот на Делта Форс во Сирија и убиството на еден од лидерите на ИД, раскажува приказна која уште пред неколку години беше номинирана за Оскар за најдобар филм.

Македонија, новото американско-руско бојно поле

Македонија е сиромашна копнeна балканска држава со околу 2 милиони луѓе. За Кремљ таа е најновиот фронт во идеолошката битка а САД подбуцнува промена на режимот за да се намали влијанието на Русија.