"Скандалозно е да се гледа како се истура хлор во контејнерите од супермаркетите полни со храна што може да се јаде," изјавува предлагачот на законот и поранешниот министер за храна, Гијом Гаро.
Од јули следната година секој супермаркет со површина од над 400 метри квадратни ќе мора да потпише договор со добротворни организации. Во спротивно казните се до 75.000 долари или две години во затвор.
Планот им е до 2025-та да се преполови количината на храна што ја фрлаат Французите. Денешниот просек им е 20-30 килограми храна годишно, што заедно чини околу 20 милијарди долари.
На ова му претходеше тргањето на рокот на траење од свежите производи.
Како ретко за што законот има поддршка од сите партии. Против него глас крена единствено Федерацијата за трговија и дистрибуција, која ги претставува големите супермаркети. Нивната забелешка е дека е неефктивно да се удри на нив, бидејќи од големите супермаркети доаѓаат само 5% отпадот во храна, плус над 4.500 продавници и пред законот имаат потпишано договори со добротворни групи.