Забелешката се однесува на американскиот систем на полагање за возачка дозвола, каде во одредени случаи полагањето трае околу 20 минути, меѓутоа најчесто е меѓу 10 и 15 минути.
"Во овој период, испитувачот (наместо комисијата што е кај нас) треба да ја оцени способноста на возачот да ја процени својата околина, да забрзува, кочи и рамномерно да управува, да менува ленти, да врти лево и десно, да избегнува пешаци, велосипедисти и 4-годишни деца што истрчуваат, да се вклучува и исклучува од автопат и да се справува со сите други проблеми со кои возачите секој ден се соочуваат.
Нема шанси испитувачот точно да ги процени сите овие работи во 15-минутен рок, и кога на сето ова ќе додадеш паралелно паркирање, се троши уште повеќе време на нешто што требало да биде учено за време на часовите," пишува Дејмон Лавринк за Халопник.
Уште една забелешка на тестот за паралелно паркирање е што тој се полага меѓу два портокалови конуси (наместо линиите кај нас на полигон), и "тие имаат неколку минути за да го комплетираат маневарот, ама не мора да се справуваат со проблеми со видливост, ниту пак со идиотот во пикапот зад нив кој свири и се дере од прозор за веќе еднаш да се паркираш. Ова е светот од фантазија што Департманот за моторни возила сам го создаде и е комплетно спротивен на реалниот свет."