Рак на човечност

Четири добротворни организации за помош на заболени од рак од 2008-ма до 2012-та собираат 187 милиони долари во донации. Од овие пари само 3% се користат за помош на заболени од рак. Бонус: сите четири организации ги води едно семејство.

Мрежата е составена од Cancer Fund of America кој е управуван од Џејмс Рејнолд Сениор. Неговиот син Џејмс Рејнолд Јуниор е ЦЕО на Breast Cancer Society. Children's Cancer Fund of America е управувана од Роуз Перкинс, поранешна сопруга на Рејнолд постариот, кој исто така е ЦЕО и на Cancer Support Services.

Четирите организации тврдат дека обезбедуваат директна поддршка на пациентите од рак. Според обвинението од Владата "ова е лага."

Шефицата на Бирото за заштита на потрошувачи, Џесика Рич, објаснува дека добротворните организации околу 97% од донациите ги трошеле или на приватни настани за собирање донации или на себе (во форма на подароци). Само нешто помалку од 6 милиони долари од овие 187 завршиле кај пациентите.

"Донираните фондови се користеле за плаќање на возила, потрошувачки производи, школарина за колеџ, членство во фитнес клубови, претплати за сајтови за лични контакти, луксузни крстосувања, влезници за концерти и настани од професионални спортови," пишува во обвинението против нив.

Тие се обвинети и за "развиен непотизам" во организациите. Пример сопругата на Рејнолдс помладиот е ангажирана како менаџер за односи со јавноста во организацијата каде што тој е ЦЕО. Ако има некаква олеснителна околност за Рејнолд е дека ангажирањето на сопругата веројатно не е негова замисла, по иста основа како што ниту еден ЦЕО не е воодушевен сопругата да му работи во неговата компанија. Втор доказ дека вработувањето на сопругата изгледа било изнудено од него е и тоа што тој ги вработил и двете сестри на сопругата, нејзиниот син од претходниот брак, мајка и', и нејзиниот внук. Според тужителот мајката на сопругата претходно работела во кетеринг. Тука работела на пишување апликации за грантови.

Во една од најдиректните измами, групата во своите даночни пријави тврди дека испорачала милиони долари во донирана стока на пациенти од рак надвор од САД. Според тужителот добротворните организации никогаш не ја поседувала стоката што тврди дека ја испорачала.

Од овие 187 милиони долари, моментално 4-те организации имаат едвај околу 1 милион.

20 мај 2015 - 12:14