
"Уметникот" е Ричард Принц на кој му текнува да ги зголеми фотографиите, да ги отпечати и да ги состави во изложба, под име "Нови портрети."
До сега Принц во уметничкиот свет е познат по тоа што "зема туѓи дела, ги 'присвојува' како свои со најразлични промени, и потоа ги продава за големи пари." Истото е и со овие слики за кои Принц не добил никаква дозвола, туку се принтскрин од нечиј профил, а единствената промена од него е што има оставено коментар на сликата.
Принц ова го прави уште од 70-те, кога почнува со "рефотографирање" на туѓи дела. До сега повеќе пати бил на суд, и победува бидејќи неговите дела (вклучително и Инстаграмите) потпаѓаат под правилата за фер користење.