Го гради компанијата Емар економик сити, чија мајка компанија е Емар пропретис, компанијата што го изгради Бурџ Калифа, највисокиот облакодер во светот.
Градот е лоциран на околу 100 километри северно од Џида, и е замислен како логистички и индустриски центар за земјите на Црвеното море. (Според тамошни пресметки 23% од глобалната трговија минува преку Црвеното море.) Градот е поврзан со брза железница со Џeда, сегашниот саудиски економски центар, и со Мека и Медина.
Низ пристаништето на новиот град моментално минуваат околу 2,7 милиони контејнери годишно, а кога ќе биде готов капацитетот треба да порасне на 20 милиони.
Замислата е до 2020-та да бидат завршени околу 25% од градот или 45 милиони метри квадратни, и до тогаш да има 50.000 жители и 28.000 работни меса. За крајниот датум 2035, ЦЕО-то на Емар економик сити признава дека е "амбициозен рок."