Во есеј од 2007-ма економистот од Принстон, Ричард Куандт зборува за "двата главни извора на срања" во животот:
"Прво, има одредени теми кои се стремат кон воведување на неверојатно големи количини на срања... подеднакво важно, има и одредени луѓе кои паѓаат на срања многу почесто од просекот; тие имаат и посебна склоност кон срања, веројатно по навика или компулсивно или чисто заради забава... во одредени примери, имаш несреќен брак меѓу субјект кој вонредно влегува во срања и уметник за срања кој се чувствува задолжен да коментира за тоа. Стравувам дека виното е една од тие инстанции во кои функционира оваа не света заедница."
Џос Фонг од Вокс од тука ја развива дебатата околу виното која по нејзе почнува со наука што "одлично овошје го претвора во одличен пијалак," на што се надодаваат дополнителни варијабли како баланс и комплексност на пијалакот. Крајниот слој се "планини од субјективни мислења, луѓе кои се обидуваат да ја докажат својата софистицираност, и многу многу маркетинг."
"Природата на виното многу отежнува во разликувањето меѓу експертиза, глупости и личен вкус," пишува Фон.
Нејзиниот заклучок околу квалитетот на виното и луѓето кои тврдат дека се разбираат во вино, е ист од воведот: скапото вино навистина има подобар вкус, ама само ако знаеш дека пиеш скапо вино.
Зошто да не се залетувате по скапо вино: