Вести

Што ако демократијата беше само минлива историска епизода?

Денес се зборува за демократијата на речиси ист начин како што средновековните теолози зборувале за природниот поредок на светот. Како отсекогаш да постоела и како да ќе постои засекогаш. Но, што Фукујама предвреме прогласи фајронт на историјата? Што ако либералната демократија е беше политички одговор на свет кој веќе не постои? 

Британско упатство за мигранти: Не силувајте жени

После серија брутални силувања и сексуални напади извршени од страна на баратели на азил, британското министерство за внатрешни работи процени дека е корисно на тие луѓе да им се испечати упатство за однесување во кое се наведува дека жени не треба да се силуваат, да им се ш'цка и да им се праќаат кисчиња. Овие сега ќе седнат, ќе ги прочитаат тие упатства и островот повторно ќе живее мирен и спокоен живот.  

Грција станува израелски сателит

„Трансформацијата на Грција во израелски сателит се одвива со вртоглава брзина. Ова е лош знак за повеќето Грци, за мирот во нашиот регион и за Европа и Западна Азија пошироко. Мора да се спротивставиме на тоа“, напиша Јанис Варуфакис. Освен мирот и безбедноста, Грците ги секира и тоа што кириите се качуваат затоа што Израелци масовно купуваат имот во нивната земја.

Речник

Почина најстариот американски затвореник

На 101 година, од старост, почина човекот со најголем затворенички стаж во американската историја. Последен пат побарал да му биде простена доживотната казна кога имал 95 години. А доживотната казна затвор ја дочекал со олеснување, бидејќи претходно во многу наврати му викале дека јаде за последен пат.   

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Икеа до тинејџери: Дај бе дома спијте си

Летово двајца тинејџери снимаат видео како преспиваат во Икеа, видеото прво добива над 1,5 милиони прегледи на Јутјуб, а потоа и дузина следбеници, тинејџери, кои го копираат нивниот пример.

Како Хилари настрада поради Бил

Гревот на Клинтонови, отплатен во ФБИ-истрага на само неколку дена пред гласањето, е што и двајцата идентично чувствуваат дека „правилата не важат за нив“.

Брегзит проблемот на Тереза Меј

По неодамнешниот неуспешен состанок на Тереза Меј со нејзината сојузничка Ангела Меркел, британската премиерка објави дека „ѝ треба време малку да се прибере“. Како што пишува поранешниот полски заменик-премиер, Ростовски, по почетната постреферендумска ароганција и еуфорија, станува сè појасно дека владата на Меј комплетно погрешно ја проценила реакцијата на ЕУ во однос на брегзит.

МИТ сака сите да ги претвори во земјоделци

Компјутерот за храна е производ на МИТ, кој го создаваат по комплетниот крах на јапонското земјоделство предизвикан од цунамито и нуклеарната катастрофа во Фукушима, инаку главниот земјоделски регион во земјата. Сега од МИТ сакаат секој сам да го направи компјутерот и да се зафати со земјоделство.

Коментарите на сајтовите создадоа вакви гневни избирачки тела

На луѓето веќе не им се ни потребни информативни текстови за да побрзаат своето мислење да го напишат во коментар. Доволно е да го видат насловот и да се испукаат (од себе) и исплукаат (со друг). Коментарите се покажаа како магнет за секакви отрови. А и голем мерак е кога на офф ќе напишеш долг текст и замислуваш како некој неупатен идиот се мачи да скрола до доле за да дојде до местото за коментар.

Во Алепо нема партизани

Во западните извештаи од Алепо нема да ги сретнете имињата на групите што се борат против војската на Башар Ал Асад. Во тие извештаи сите тие ќе бидат означени како „бунтовници“, небаре се Титовите партизани што со храброст и пожртвуваност ја ослободија Југославија од нацистите. А не се.

Од ЕФФ до технолошка индустрија: бришете сè што имате

ЕФФ е непрофитната група што на глобално ниво се бори за дигиталните права на корисниците. На неколку недели пред доаѓањето на Трамп во Белата куќа, тие закупија цела страница во магазинот Вајард за својот проглас до комплетната технолошка индустрија.

Тифани и ко. версус барикадите и Трамп

Една од најлуксузните продавници во Њујорк, Тифани, е лепенка со една од моментално најобезбедуваните згради во Њујорк, Трамп тауер. Ова само по себе значи многу полиција и многу барикади, а ништо од овие две работи не е ни најмалку луксузно.

Не е важно какви врски имаш во болница, важно е да ти се падне докторка

Докторите се посмртоносни за пациентите отколку докторките, ако целата нивна работа се сведе на бројки и чиста статистика.

Почина Никола Тесла на залетнувањето

Почина изумителот на техниката што од задушување со храна има спасено илјадници луѓе. Иронијата овојпат беше на распуст: доктор Хенри Хајмлих почина на фини 96 години, од срце.

Приказната за Евреинот што беше причина за Кристалната ноќ

На 7 ноември 1938 17-годишниот Хершел Гринспан влегува во германската амбасада во Париз и со пет истрели го убива дипломатот Ернст вом Рат. Ова беше алибито за на 9 ноември паравоените нацистички единици и цивили во Германија да ја спроведат Кристалната ноќ, во која се убиени 91 Евреин, а над 30.000 Евреи се уапсени и затворени во концентрациони логори.

Чешка банка на годината

Една од најголемите банки во Чешка реши да ги повлече своите реклами од веб-сајтови што се занимаваат со дезинформации, пропаганда и лажни вести за политичко навивање.

Југословенските „Момци од Медисон“

Во прашање е бизнис-ориентација, а не филозофија на потрошувачко општество, гласеше мотото под кое загрепската маркетинг-агенција Озеха од 1945-та на југословенските претпријатија им го продаваше капитализмот спакуван како социјализам.

На Елон Маск му се копа

Човекот што веќе сериски произведува електричен автомобил (и комплетно ја поремети автомобилската индустрија), го направи најефикасниот и најдобар систем за собирање сончева енергија, направи соларни керамиди, работи на вселенска ракета за повеќе употреби и работи на хиперлуп-технологија, рано во саботата објави дека сега му се копа под земја и му се прават тунели.

Ден без политичари

Главните полски медиуми, со исклучок на државното радио, телевизија и новинската агенција, го прогласија петок за Ден без политичари во медиумите.

Како може Обама да му врати на Путин?

Обама најави дека ако се потврдат сомневањата за мешањето на руските хакери во конечните резултати од нивните избори, американскиот одговор ќе се случи пред тој да ја напушти Белата куќа. Има уште месец дена за тоа. Што може да направи? 

Завршна сметка, долг брак

Како што на забар не треба да се оди само кога те боли заб, така и на брачно советувалиште не треба да се оди само кога веќе ги имате исцртано фронтовските линии по дома.

Русија: Или покажете докази дека сме хакирале или тишина

Откако по новинари, експерти, ЦИА и разузнавачи, дојде ред и Обама да каже дека Москва стои зад хакирањето на мејловите на демократите, портпаролот на Путин порача дека САД мора или да покаже докази за тоа што го збори или да прекине.

Фчерашни, Сезона 2 Епизода 5

На брачен или единечен, на каков кревет се работи во Државната изборна комисија? Дознајте повеќе од репортерот Кузман кој во следната епизода на „Фчерашни новости“ директно се вклучува директно од седницата на ДИК.

Како Епл решава проблем со батерија

Ветуваа дека нивниот Мекбук Про ќе држи 10 саата без полнење. Откако корисниците масовно увидоа дека батеријата им трае едвај 3 часа, компанијата реши да го реши проблемот така што - нема да го реши.

Велешаните им удрија пик на изборите во Франција и Германија

За изборите во САД се појавија стотина веб-страници за американската политика управувани и водени од велешки тинејџери, претежно полни со лажни вести што успеаа да соберат милиони кликови и шерови. Како што проценува Фајненшл тајмс, ваквиот индустриски погон сега се подготвува за изборите низ Европа.

Трудо: Глобализацијата не функционира за обичниот човек

Обичниот човек низ светот е разочаран од глобализацијата, е објаснувањето на Трудо за Гардијан за годината во која се случија брегзит, Трамп и масовен подем на популистички и антиестаблишмент-партии.

Процесот за брегзит може да трае 10 години

Утрото на 24 јуни беше објавено дека британските гласачи одлучиле да ја напуштат Европската Унија. Во четвртокот британскиот амбасадор во ЕУ ѝ се доверил на британската влада дека процесот за брегзит може да трае цела деценија, и пак да не успее.