Како Епл решава проблем со батерија

Ветуваа дека нивниот Мекбук Про ќе држи 10 саата без полнење. Откако корисниците масовно увидоа дека батеријата им трае едвај 3 часа, компанијата реши да го реши проблемот така што - нема да го реши.

Проблемот со времетраењето на батеријата кај новите лаптопи на Епл е добро документиран, а компанијата нуди фикс на проблемот во новата верзија на оперативниот систем (10.12.2).

Понуденото решение нема да  ја зголеми издржливоста на батеријата, но ќе ви помогне да не се нервирате постојано околу тоа.

Како се прави тоа?

Така што ќе ви ја тргнат онаа информација за „battery remaining“. Па нема да мора стално да гледате во тоа уште колку време ви останува. Или можеби Епл верува дека времето побавно тече кога не мислиш постојано на него.

Баш така.

16 декември 2016 - 14:44