Сер Иван Роџерс во приватен разговор им кажал на британските министри дека брзото и лесно одвојување од ЕУ е малку веројатно, и дека консензусот меѓу земјите-членки на Унијата е дека брегзит нема да се случи „до средината на 2020-ти“.
На средбата на ЕУ лидерите во Брисел, британската премиерка Тереза Меј одби да го одговори прашањето околу наводното 10-годишно траење на брегзит. Ваквиот став на британскиот амбасадор ни најмалку не е во корист на Меј, која најави мирен процес за напуштање на Унијата. Таа изјави дека планира членот 50 да го активира до март 2017.
Меѓу пречките за Британија во нејзиниот обид за напуштање на ЕУ се:
- Врховниот суд, кој треба да одлучи дали владата смее да го активира член 50 без за тоа да добие дозвола од горниот и долниот дома на Парламентот. Одлуката треба да биде донесена во јануари.
- Пратениците, во случај судот да одлучи дека на Владата ѝ треба дозвола од Парламентот, треба да гласаат во врска со референдумот. Иако технички не можат да ја спречат одлуката на народот, тие можат да ја одложат на неодредено време барајќи повеќе детали за тоа како владата планира да преговара за напуштањето.
- Членот 50 од Лисабонскиот договор ги одредува правилата по кои членките на ЕУ ја напуштаат Унијата. До сега никогаш не е тестиран, ама според правилата кога еднаш ќе се активира, започнува да тече 2-годишниот период за негово затворање. Ако биде активиран во март 2017, краен рок за завршување ќе биде април 2019.
- Сите останати европски држави ќе треба да го ратификуваат договорот што ЕУ го постигнала со Британија, без разлика колку тој е добар за Унијата или лош за Британија. А тоа се 27 држави.
- Шкотска на референдумот во јуни гласаше за останување во Унијата, и тоа со просек - секој еден можен совет во Шкотска беше за останување. Не треба да изненади ако шкотскиот премиер одлучи повторно да го активира референдумот за независност од Британија.
Непријатната ситуација во која се најде Тереза Меј, кога неделава отиде во Брисел да се види со другарчињата: