Гринспан го извршува нападот во Париз со цел да одмазди илјадници еврејски бегалци, вклучувајќи и членови на сопственото семејство, кои се протерани од Германија. Негова првична цел е германскиот амбасадор, кој се спасува само затоа што решава да излезе на воздух и да прошета по улиците на Париз.
Гебелс го користи убиството на Вом Рат како можност за брутална одмазда. Освен човечките жртви, за време на Кристалната ноќ уништени се 1.574 синагоги, што е речиси сите што во тоа време постојат во Германија, над 7.000 еврејски гроба и 29 стоковни куќи во сопственост на Евреи.
Иако мислењата околу Гринспан се прилично поделени, за едни тој е херој, за други предавник, речиси беше фикс дека тогаш 17-годишниот Гринспан е уапсен веднаш по атентатот и е префрлен во Германија на испрашување. Откако завршуваат со испрашувањето, нацистите го префрлаат атентаторот во концентрациониот логор Захсенхаузен, каде што тој е и убиен.
Наспроти овие тврдења, постои и мал број (најчесто игнорирани) очевидци што тврдат дека го виделе Гринспан во последните недели од војната, а во 50-тите се појавуваат гласини дека тој живее во Израел или Хамбург.
Ваквата алтернативна историја на Гринспан се игнорира сè до пред некое време кога познатиот германски историчар Армин Фурер објавува дека од Музејот на Евреите во Виена добил фотографија на која се наоѓа токму атентаторот од Париз. Фотографијата со Гринспан е од 1946-та, и е од еден протест против британските власти затоа што не дозволуваат емигрирање во Палестина.
Фурер, кој е водечки светски експерт на темата Гринспан, тврди дека сликата е проверена и со технологија за препознавање лица, која потврдила 95-процентна сличност. Според него, Гринспан никогаш не завршил во судница, и покрај огромната желба на Гебелс да го извади на големо јавно судење на кое ќе му се суди во име на сите Евреи со кого власта прогласила војна. Откако е уапсен, Гринспан изјавува дека приватно го познава Вом Рат и дека атентатот е злосторство од страст поврзано со нивната меѓусебна романтична врска, поради што Хитлер го откажува судењето.
Затворениците со кои Гринспан бил во Захсенхаузен, тврдат дека тој подоцна им признава дека приказната за убиство од страст е лага, бидејќи знаел дека германска влада не бил подготвена да претрпи таков јавен срам.
Инаку, родителите на Гринспан по Втората светска војна се селат во Израел, каде уште во 1960 го прогласуваат својот син за мртов, што им овозможува да добиваат пензија од Германија.