Икеа до тинејџери: Дај бе дома спијте си

Летово двајца тинејџери снимаат видео како преспиваат во Икеа, видеото прво добива над 1,5 милиони прегледи на Јутјуб, а потоа и дузина следбеници, тинејџери, кои го копираат нивниот пример.

Последниот случај е во Јеншепинг, Шведска, каде што вработените на ИКЕА фаќаат 14-годишни девојчиња што вечерта ја преспале во продавницата. Иако овие девојчиња минаа без пријава, друг пар од 15-годишни девојчиња што во октомври беа фатени во Икеа во Малме ѝ беа предадени на полицијата.

Компанијата деновиве објави молба до сите муштерии од сите возрасти преспивањето да го организираат на друго место:

„Го почитуваме интересот на луѓето за Икеа и тоа што сакаат да создадат интересни искуства. Како и да е, безбедноста на нашите колеги и муштерии е наш највисок приоритет и затоа не дозволуваме преспивање во нашите продавници.“

Икеа има околу 400 продавници низ целиот свет.

 

21 декември 2016 - 17:21