Ден без политичари

Главните полски медиуми, со исклучок на државното радио, телевизија и новинската агенција, го прогласија петок за Ден без политичари во медиумите.

Протестот е заради новите ограничувања за известување од полскиот парламент, а во пракса ова значи дека нема зборување за политичари, додека фотографиите од пратениците ќе бидат објавувани без нивните ликови.

Според новите правила објавени во средата, новинарите наскоро ќе бидат преместени во новиот центар за медиуми вон главната зграда, а пристап во зградата добиваат само по два репортери од секоја редакција, со исклучок на т.нр. народни медиуми - полската телевизија, радио и агенцијата ПАП.

Новинарите нема да можат воопшто да влегуваат во балконот на салата за пленарни седници, ниту да снимаат што се случува во салата, со што "исчезнува грижата на пратениците дали ќе бидат фатени во непријатни моменти кога го кршат законот, на пример гласајќи за отсутен колега."

"Со изговор дека сакаат да обезбедат попрофесионални и удобни услови за работа на новинарите, претседателот на Парламентот ја ограничува работата на новинарите. Во средата бевме запознаени со новите правила на работата на новинарите во парламентот и тоа се неприфатливи измени кои на медиумите им ја намалуваат можноста ја контролираат работата на парламентот. Нивниот ефект е единствено дека политичарите поефикасно ќе можат да ги избегнуваат новинарите," стои во писмото потпишано од над 30 редакции на најголемите полски медиуми.

Новинарите вчера протестира пред парламентот одбивајќи ги "обидите за цензура", барајќи претседателот да ги укине новите правила и процедури за новинарите. До нивно укинување медиумите најавија дека петок во Полска ќе биде ден без политичари.

17 декември 2016 - 13:36