Ваквиот развој на настаните во соседството предизвика пад на бројот на луѓето што влегуваат или минуваат покрај продавницата на Тифани, што директно влијаеше на резултатите од најважната продажна сезона во годината - новогодишните празници.
За ублажување на проблемот, Тифани се фати да работи заедно со њујоршката полиција и тајната служба за привлекување повеќе внимание кон својата продавница.
Решението - брендирање на полициските барикади со церада во боја и со логото на Тифани. Засега не се знае колку пари чини договорот за брендирање на барикадите, а од Тифани само објавуваат дека работат со обезбедувањето на идниот американски претседател.
„Тифани е во зачестена комуникација со њујоршката полиција и тајната служба во однос на безбедноста и обезбедувањето на периметарот околу продавницата на 5-та авенија.
Продавницата и понатаму работи со регуларно време и ги поканува муштериите да влезат од споредната страна ако главниот влез е блокиран со барикади“, порачува компанијата во изјава за медиумите.