Препораката на брачните советници што ја пренесува Вол стрит журнал е дека брачните парови треба редовно да поднесуваат годишен извештај еден за друг. Според нив, ваквите извештаи се „конструктивен начин да се ревидираат целите на врската, да се справат со пречки и да се спречи малите проблеми да се претворат во несовладливи“.
Во студија објавена во Журналот за консултации и клиничка психологија, 216 брачни парови треба да кажат кои се најјаките и најслабите страни на нивниот брак. Половина од паровите се испратени кај терапевт, на две сесии за да разговараат околу прашањата што произлегле. Заклучокот од ова е:
„Истражувачите, кои се сретнале со паровите по една или две години, откриле дека оние што ја спровеле 'ревизијата' имале значително подобрување на задоволството од нивната врска, интимност и чувство на прифатеност од нивните партнери, како и намалување на симптомите на депресија, споредено со паровите во контролната група кои не биле кај терапевт. Плус, најголем напредок имало кај оние што пријавиле најголеми проблеми пред почетокот на сесиите.“
При спроведувањето „ревизија“ има одредени правила што мора да се испочитуваат:
- паровите мора да зборуваат за однесување, а не за карактер;
- да се објаснат себеси;
- да покажат емпатија;
- да бидат конзистентни и да идентификуваат што сакаат да променат.
Уште еден проблем што го решава редовното полагање брачно екстерно е дека не се чека да дојде нож до коска за да се оди на брачно советувалиште, туку работите може да се решат додека уште се на почеток.
Студијата исто така открила дека посебно самоуверени во себе се новите парови, кои ни најмалку не веруваат во правењето „извештаи“ или дека воопшто имаат каков било проблем, и покрај тоа што знаат дека половина од браковите завршуваат со развод.