
Бројките се од Журналот на американската медицинска асоцијација, а според нив докторките е поверојатно конзистентно да ги следат воспоставените медицински процедури, да обезбедат превентивна грижа или да пропишат ефективни медикаменти. Најстрашното што го заклучува студијата е дека пациентите е поверојатно да умрат или повторно да се вратат во болница ако за нив се грижат доктори.
Во студијата се анализирани досиејата на 1,5 милиони пациенти во период од 3 години, и во сите можни варијанти, без разлика на болеста или состојбата на пациентите, постоела една разлика што била одлучувачка за исходот: пациентите значително помалку умирале кога за нив се грижела докторка.
Разликите во бројките меѓу докторите и докторките била 4% помалку мртви пациенти кога била надлежна жена.
Овие 4 проценти во реалноста значат дека во изминатите 3 години во САД ќе умреле 30.000 луѓе помалку ако за нив се грижеле докторки. Студијата не заклучува зошто докторките се подобри од докторите.