Вести

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Нов закон во Белгија:

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Речник

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

Петројуанот ќе го замени петродоларот?

Златниот стандард – монетарниот систем врзан за златото, заврши на почетокот на 1970-тите, отстапувајќи го своето место на петродоларот. Војната во Иран ја изложи на ризик слабата точка на Америка, бидејќи Кина го позиционира „петројуанот“ како нова доминантна валута за трговија со нафта. Згора на тоа, Саудијците тивко го убија петродоларот пред две години.

Како го натераа Трамп во војна со Иран

Нетанјаху и Мосад успеале да го убедат Трамп да го нападне Иран, претставувајќи му идеално сценарио во кое ризиците биле скриени, пишува Њујорк тајмс. Луѓето од најтесниот круг околу Трамп имале резерви, но никој директно не кренал глас против претседателот. Освен Џ.Д. Венс, кој од почетокот бил скептичен. Трамп повеќе му верувал на Нетанјаху.

Секој петти млад Германец планира да се исели од татковината

Додека Германија има огромни проблеми да интегрира повеќе од милион имигранти што пристигнаа барајќи подобра иднина, ќе мора да бара начин како да спречи егзодус на младите Германци, кои се разочарани од економската криза и скапиот и несигурен живот. Секој петти веќе планира да се исели во друга земја. Најпосакувани дестинации се Швајцарија и Австрија.

САД бараат пристап до сите податоци на граѓаните на ЕУ

Вашингтон и Брисел преговараат за договор што би им дал на американските власти директен пристап до сите записи за граѓаните од базите за податоци на членките на ЕУ. Не само биометриски податоци и фотографии, туку и за политички активизам, дури и за сексуалниот живот. Земјите кои нема да се согласат ризикуваат да им бидат воведени визи за пристап во САД.

Спасувале пилот или тргнале да го грабнат иранскиот ураниум?

Белата куќа и Пентагон го истакнаа спасувањето на американскиот пилот од Иран на 3 април како херојска операција. Но, детали од теренот укажуваат дека мошне веројатно тоа е измислена приказна за да се прикрие тајна мисија за грабеж на иранскиот збогатен ураниум. Наместо пилот, всушност биле спасувани командосите, кои паднале во заседа.

Данците и Норвежаните плаќаат најмногу за помош на Украина

САД и ЕУ ѝ дале номинално најголема помош на Украина откако почна војната со Русија, но ако се смета според сумите што ги издвоиле граѓаните, испаѓа дека најмногу придонеле Данците и Норвежаните. Вработените луѓе во сојузничките земји досега просечно издвоиле помеѓу 600 и 700 евра за финансиска и воена помош на Украина и за поддршка на бегалците.

И САД и Иран го слават примирјето како победа

САД и Иран договорија двонеделен прекин на огнот за да преговараат за крај на војната. Основа за преговорите во Пакистан ќе биде план од 10 точки предложен од Техеран. Белата куќа го претстави примирјето како победа, а и Иранците прославуваат на улиците. Израел се согласил со прекинот на војната со Иран, но го задржува правото да го бомбардира Либан.

Трамп има манијачки нагон да повредува невини луѓе

Трамп има „речиси опсесивна манија“ за осакатување цивили, тврди поранешен висок офицер, кој лично ги слушал предлозите од претседателот на доверливи состаноци за безбедносни закани за САД. Барал да се пука во мигранти. Ако не да се убијат, барем во нозете. Ако сега изврши воени злосторства во Иран и не биде казнет, Западот ќе го изгуби секој морален авторитет.

40% од американските нуклеарни подморници се на мајстор

Речиси една половина од американските нуклеарни подморници се надвор од употреба поради доцнењата на поправките и одржувањето во преоптоварените бродоградилишта, кои практично не се модернизирани уште од Втората светска војна. Конгресот предупредува дека кризата со ангажирање стручни работници ќе потрае уште 25 години.

Израелците купуваат оружје од САД, плаќаат Американците

Американците не плаќаат само за скапата војна на Трамп против Иран, која секој ден троши по речиси милијарда долари, туку и за американското оружје што Израел го користи за геноцидот во Газа, за бомбардирањето на Хезболах во Либан и сега во Иран. Повеќето продажби се регулирани како „финансирање на странска војска“, што значи дека оружјето му е подарено на Израел.

Трамп: Господ ги повикал САД да го срамнат Иран со земја

Трамп кажа ново оправдување за скапата петнеделна војна со илјадници жртви, без јасен крај на повидок: Господ ги повикал САД да ги „згрижат“ Иранците. Трамп се заканува дека ќе го срамни Иран со земја и со Господ „на своја страна“, не се плаши од обвиненија за воени злосторства, како што се уништувањето на цивилната инфраструктура и убиството на 165 деца во Минаб.

Израел им се заканува на христијани да не кријат шиити

Во кампањата против Хезболах, Израел ги притиска христијаните и Друзите од јужен Либан да соработуваат во етничкото чистење на шиитите. Некои христијани прифаќаат за да не им бидат бомбардирани селата, други се плашат од одмазда кога војната ќе заврши. Некои пак, ги сметаат муслиманските борци за браќа, бидејќи им помогнале кога им било најтешко.

На Блискиот Исток да не си ништо, најмалку дете

Не стотици, не илјадници туку милиони деца страдаат поради војната на Блискиот Исток. Во Газа се убивани (до неодамна едно дете секој саат), во Либан присилно раселувани, во Иран регрутирани да станат војници да ја бранат таткоината. Оние кои треба да ги штитат и самите се под напади. Арно им е само на оние кои нанесуваат страдања и болки. 

Трамп во 2016 вети дека ќе го отплати долгот на САД. Денес е дупло поголем

Пред точно десет години Трамп вети дека ќе го отплати долгот на САД во рок од само осум години. Тоа не се случи. Наместо тоа, бруто националниот долг се дуплираше на над 39.000 милијарди долари. За задолжувањето делумно е заслужен и Бајден. Сметката за овие 10 години фискална расипништво ќе пристигне долго откако Трамп конечно ќе се повлече од политичката сцена.

Нема доброволци за нови вакцини за ковид

Помина времето кога хистеријата за ковидот наметната преку медиумите им овозможуваше на фармацевтските гиганти да прават профити од милијарди долари од вакцините. Откако беa разоткриени манипулациите со имунизацијата, воведени се построги критериуми, а и луѓето одбиваат да бидат лабораториски заморчиња за експериментални вакцини.

Курдите го украле оружјето од САД за иранските демонстранти?

Уште додека Виткоф и Кушнер наводно преговараа во Женева со ирански функционери за нуклеарната програма на Техеран, САД организирале ирански опозициски групи да кренат масовен бунт и да го соборат режимот. Сепак, операцијата тргнала наопаку. Оружјето, испратено преку курдски посредници, никогаш не стигнало до револуционерите.

Разбира ли Трамп и неговите како функционира тоа со ураниумот?

За главни преговарачи со Техеран за чувствителна и сложена тема како што е збогатување ураниум и нуклеарна програма, Доналд Тrамп стави еден инвеститор за недвижности (нешто како Фатмир Етеми) и еден зет. Експерти се сомневаат дека одлуката за војна, меѓу другото се должи и на тоа што тие двајца слабо разбрале за што се работи и какви се предлозите на Техеран. Иран беше нападнат двапати среде прегорови.   

LinkedIn ви го скенира компјутерот

Платформата за професионални профили LinkedIn, за април 2026 година пријави 1,3 милијарди регистрирани корисници. Секојпат кога некој од нив ќе ја посети страницата, скриен код го скенира неговиот уред за инсталиран софтвер и екстензии (се монитораат меѓу 3.000 и 6.000 ставки). Резултатите се испраќаат на серверите на платформата но и на трети страни, меѓу кои и една изралско-американска фирма.

Военоспособни Германци не смеат да ја напуштат земјата на подолго без дозвола

Германци на возраст способни за во армија досега требаше да бараат дозвола од Бундеверот да ја напуштат земјата на подолго време само во две екстремни ситуации: ако земјата е под директна воена закана или пак е нападната. Веќе не. Имало ли закана или напад или немало, дозвола мора да се бара ако се сака да се оди во странство подолго од три месеци.

Пентагон ги крие жртвите

Речиси 750 американски војници се ранети или убиени на Блискиот Исток од октомври 2023 година, но, Пентагон не го признава тоа. Централната команда на САД, или ЦЕНТКОМ, која ги надгледува воените операции на Блискиот Исток, се чини дека е вклучена во „прикривање на жртвите“, нудејќи им на луѓето од Интерсепт ниски и застарени бројки за жртвите, без никакви појаснувања за случаите.

Кинески научник го напушти Јеил

Сериозен кинески научник напушти истражувачка позиција на престижниот факултет Јеил за да се врати во Кина. Зад потегот не стои носталгија по дома туку непишаните но и тоа како функционални расни лимити и бариери за научници со кинеско потекло. Плус, во матичната земја на ред е петолетка во која државата дополнително ќе се фокусира на науката. 

Сукњите се долги, стриптизот опаѓа - ќе има криза

Наместо разни графикони и досадни криви за движењето на БДП, јавниот долг, дефицитот, берзите и слично, во последно големо внимание се врти кон неформални параметри кои досега се покажале како необично прецизни индикатори за тоа дали зад аголот се крие некоја нова рецесија и криза. На пример, посетата и бакшишите во стриптиз баровите. 

Калето ќе почасти ли бензин?

Доктор од Нов Зеланд побара од американската амбасада во Велингтон да ги надомести трошоците за гориво во неговата клиника. Логиката е разбирлива: Со оглед на тоа што цените на горивото скокнаа до небо поради војната во Иран која Трамп не мораше да ја започне, ред е Вашингтон да се фати за џеб. „Ако не се држиме до принципи, што ни останува?“ порачува лекарот.