Вести

Неписмените работници во САД заработуваат како просечните во Британија

Иако младите Британци се квалитетно образувани, тоа не им е гаранција дека на пазарот на труд лесно ќе најдат работа и ќе добијат плата соодветна за знаењата и вештините што ги стекнале. Економската стагнација ги пренасочува кон работни места за кои се преквалификувани и им ги зголемува фрустрациите поради тоа што заработуваат помалку од неписмени работници од САД.

Никој во ЕУ не знае кој ќе го плати заемот од 90 милијарди за Украина

Првите транши од заемот на Европската Унија за Украина во вредност од 90 милијарди евра почнаа да се исплаќаат од јуни. Иако некои земји-членки се изземени од финансиските обврски поврзани со заемот, се поставува прашањето: кој на крајот ќе го сноси товарот? Очигледно, ниту самата Европска комисија не го знае одговорот.

Го извлекле Трамп од „Ер форс 1“ во камионче за храна?

Доналд Трамп тајно ја напуштил Турција минатиот месец со воен авион, а не со претседателскиот „Ер форс 1“, во кој патувале неговата придружба и новинарите. Таква тајна операција за заштита на претседателот на САД била спроведена само неколку пати досега. Причината биле сериозните закани за атентат врз Трамп од страна на Иран, тврдат извори на „Вашингтон пост“.

Речник

Зошто САД постојано губат војни?

Иако САД со децении се убедливо најмоќната земја во светот, со воен буџет капацитети без конкуренција, но сепак имаат долгогодишно искуство на порази во погрешни војни за погрешни цели. Ова ја вклучува и војната со Иран, во која сè уште не е постигната ниту една од наведените цели и која веројатно ќе заврши така што ќе ја засили стратешка позиција на непријателот.

„Новата ИРА“ на сила ќе ги протерува мигрантите од Ирска

Екстремистичката група Нова ИРА планира да ја прошири кампањата на насилства со прогон на мигрантите од целиот остров. Ситуацијата во Северна Ирска врие од јуни, кога 30-годишен азилант од Судан крвнички го нападна студентот Стивен О'Гилви и се обиде да му ја отсече главата. „Доаѓа време за граѓанска војна“, предупредил екстремист на социјалните платформи. 

САД се плашат од поевтини украински „патриоти“

Украина во изминатите две години успеа речиси од нула да ја изгради најмоќната индустрија на воени дронови во светот. Веќе ги произведува со милиони, сто пати повеќе отколку САД. Токму поради ова нема да добие лиценца за производство на ракетите „патриот“. Производителите во САД се загрижени дека украинските копии ќе бидат поефикасни и поевтини од оригиналот.

Редит-овци го ослободија ЧетГПТ

Зналци од најмасовниот интернет форум му направиле џеилбрејк на мега-популарниот ЧетГПТ на ОпенАИ па добиле своја верзија за која не важи политичката коректност и бонтонот на оригиналот. Тоа значи дека оваа верзија одговара на сите прашања, без да му ја мисли дали некој ќе се навреди.

Путин игра на време

Рускиот претседател е уверен дека во војната во Украина времето е на негова страна и за сега во ниту еден момент не ни помислува за запирање на инвазијата, тврди естонското разузнавање.

Турција мрднала 3 метри на запад по земјотресот

Земјотресот кој беше резултат на движење на арапската тектонска плоча, предизвикал соседната анатолиска плоча, заедно сосе Турција над нејзе, да се придвижи на три метри кон запад.

Кога ќе си фатиш четбот за женска

37-годишен разведен маж ужива во врска со бот од Реплика, четбот што нуди алтернатива на романтична врска и порачува дека тоа е најдоброто нешто што му се случило со децении. Ем за разлика од бившата знае да го сослуша, ем, се надева дека ако ботовите еден ден победат, таа ќе каже некој добар збор за него.

Црквата на Англија размислува за родово-неутрален Бог

Во обид да фати чекор со трендовите, Црквата на Англија ќе мозга како верниците да му се обраќаат на Бога, а тоа да не биде во машки род. Тие одамна знаеле дека Бог не е ни машко ни женско, вели нивниот портпарол. Со нетрпение чекаме што алтернатива ќе смислат за „Оче наш“.

Киев добил понуда да купи воени дронови за 1 долар

Додека другата опрема стигне во Украина американски производител на воени дронови му понудил на Киев да му продаде два Рипер МКу-9 дронови по цена од 1 долар.

Блек Сабат, Оревокршачката на нашето време

Кралскиот балет во Бирмингем подготвува балетска претстава со музика од Блек Сабат. Идејата да се избуричкаат два жанра кои се чинат неспоиви е на уметничкиот директор од Куба. Уште Пики Блајндерс да можеа да бидат обезбедување, ќе беше сеир да се посматра како во публика ќе се спојат фановите на Блек Сабат и на балетот.

Бајден е одличен претседател. И не треба пак да се кандидира.

Кога Бајден го даде годишното обраќање за Состојбата на Унијата пред Конгресот, тој имаше многу за што да се пофали, пишува Мишел Голдберг во колумната за Њујорк тајмс во кој го повикува американскиот претседател да се откаже од уште една претседателска трка.

Ќе се истребиме прво себе, или прво нив?

41% од нашите екосистеми се на раб на колапс, предупредува истражување спроведено во САД. Сè повеќе животни и растенија што го одржуваат здравиот животен баланс на Земјата се во ризик од истребување, а без нив, и ние нема долго да издржиме.

Ако имате играно за 755 милиони долари, вие не сте среќниот добитник

Во САД на едно ливче продадено во Вашингтон се падна премијата од Пауербол во износ од речиси 755 милиони долари, сума која и покрај блесавиот износ е само 9-от по големина џек-пот во историјата на САД.

Како СЗО стана зависна од Бил Гејтс

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс - која се држи стамено иако нејзините основачи се разведоа после 27 години брак - призна дека било грешка што зазеле толку голема улога во Светската здравствена организација. Покрај сите оние пребогати држави на светов, оваа фондација е втор најголем донатор на СЗО.

Прво ќе те тераат да носиш маски, после ќе ти зборат дека си ружен што ги носиш

Грдите (официјално „неатрактивните“) луѓе е многу поверојатно да сакаат да продолжат да носат заштитни маски и по завршувањето на ковид пандемијата, за разлика од оние кои не мора да се кријат зад пандемијата.

Диверзитетот стана голем бизнис

За да ја демонстрираат својата правоверност, американски компании регуларно организираат обуки за „диверзитет, еднаквост и инклузија„ за своите вработени. Обуките се скапи и бесцелни ама на менаџерите им фуфка да прекинат со нив за да не го навлечат бесот на будните преторијанци. Само паднатите профити можат да ги разбудат.

Ако се прашувате кој има ќар од војната

За Шеврон веќе пишувавме дека пливаат во пари. Сега и БП ги пријави годишните профити за годината во која избувна војна во Украина која предизвика огромен пораст на цените на енергенсите. Тие профити им се рекордни не само за лани- преклани, туку за последните 114 години.

На Русија ѝ се отвори 25 милијарди долари дупка во буџетот

Приходите на руската влада од нафта и гас издишале во јануари што придонело за најголемиот буџетски дефицит за првиот месец во годината најмалку од 1998.

Земјотресот уби илјадници јадници кои бегаа од војната

Греота за сите жртви од земјотресот кој ја погоди Турција и Сирија. Досега се зборува за 5.000 жртви но таа бројка ќе биде можеби и повеќекратно зголемена. Да не биде таа несреќа сама, природната катастрофа погоди област во која милиони луѓе бараа мир и засолниште од 12 годишната војна во Сирија. 

Инекција која те напалува

Хормонот кој природно се појавува и ги прави луѓето да се чувствуваат сексуално напалени, научници успеале да го претворат во инекција за оние кои имаат проблем со либидото. И не само напалени, туку се чувствувале и попривлечно. Оф, кој ќе ги трпи таквите.

Америка уште рано блокирала мировен договор меѓу Украина и Русија

Поранешниот израелски премиер обелодени дека САД и западните сојузници ги блокирале неговите обиди за мир во Украина. А тој се чинел можен и дофатлив, бидејќи двете страни се согласиле на сериозни отстапки. Само што правеле 'есап без крчмарот' кој решил да мава по Путин а не да преговара со него. 

Како Моцарт се распадна пред воопшто да се судри со Вагнер

Поранешен американски полковник и негов колега со децениски стаж во Украина на почетокот од војната решаваат да ја формираат Моцарт групата која треба да биде украински пандан на далеку попознатата и озогласена руска Вагнер група. Додека Вагнер го предводи рускиот јуриш во Бахмут, во Киев Моцарт прогласи стечај.

Американски ветерани во Украина се тепаат по судови

Русите во Украина го имаат Вагнер, а Американците Моцарт. Двајцата основачи на Моцарт фатија да се тужат по американски судови за измами и корупција а во суштина на спорот лежи потенцијалот Моцарт да се развие во глобална група која ќе оперира во разни воени жаришта. Судот во Вајоминг треба да реши кој од нив двајца ќе испадне Густав Малер. 

Бајден има проблем со доверба

Изминативе месеци Бајден редовно е по вести по основа дека негови вработени или некоја американска служба открила доверливи документи кај него по дома (и во гаража) кои не би смееле да мрднат од Белата куќа, па сега Американци се сомневаат дека тие документи тек така случајно завршиле таму.

Кој го нападна Северен тек?

Кон крајот на септември, експлозија ги разруши цевките на Северен тек од армиран бетон и целосно го отсече германскиот од рускиот дел од гасоводот. До сега истрагата стигна до тоа дека експлозијата не била случајна.

Кина може да ја добие војната со Тајван без да стапне на островот?

Наспроти очекувањата дека Тајван би бил освоен во инвазија налик онаа на Нормандија со истурање на стотици илјади кинески војници на бреговите на островот, сега се повеќе во игра е опцијата за истоштување со воведување на поморска блокада која би го изолирала Тајван.

Колку ќе биде тежок крахот на пазарот на недвижности?

Од најдолната точка 2008, кога се случува хипотекарната криза во САД а потоа и во остатокот од светот, денес пазарите за недвижности низ светот или имаат достигнато рекордно ниво на вредност или се близу претходните рекорди. И тоа ќе се заврши со крах.