Ако имате играно за 755 милиони долари, вие не сте среќниот добитник

Во САД на едно ливче продадено во Вашингтон се падна премијата од Пауербол во износ од речиси 755 милиони долари, сума која и покрај блесавиот износ е само 9-от по големина џек-пот во историјата на САД.

Дилемата што сега треба да ја реши добитникот е дали ќе ги чека сите пари во следните 10 години или одма ќе земе сума од 407,2 милиони долари (од која потоа му ги кратат сите можни даноци).

Сумата е собрана по 34 кола Пауербол без да се падне џек-пот, кој последен пат се паѓа во ноември минатата година. Пред оваа премија Пауербол последен пат исплати џек-пот за извлекувањето на 19 ноември кога на ливче од Канзас се паднаа 92,9 милиони долари.

Освен големиот добитник кој ги погодил и основните и дополнителниот број, има уште пет добитници на по 1 милиони долари и еден тикет со добитни 2 милиони долари. Од поситните во ова коло има 58 тикети со по 50 илјади долари и 16 тикети со 100 илјади долари.

 Минатата година Пауербол ја почна со премија од 632,6 милиони долари која се падна на 5 јануари кај двајца добитници, еден во Висконсин и еден во Калифорнија.

Шансите за добивање Пауербол се 1 спрема 292,2 милиони.

7 февруари 2023 - 15:27