Даночните приходи од нафта и гас во јануари се паднати за 46% во споредба со пред една година, додека има раст на потрошувачката од 59% по основа на војната во Украина. Руското министерство за финансии соопштило дека заради комбинација на овие два фактори Русија стигна до јавен дефицит од 1.760 милијарди рубљи (25 милијарди долари).
Откако ЕУ и Г7 решија да го бојкотираат увозот на руска сирова нафта (Урал) и да воведат ограничување на цената, таа сега се тргува по значително пониски цени. Заради лошите резултати веројатно е дека Русија ќе ја смени формулата по која ги оданочува производителите на нафта, која сега вклучува очекувана цена на нафтата, плус очекуван трошок за превоз и осигурување.
„Руската влада работи на нов пристап за 'давање поголема тежина на алтернативните индикатори за цените за даночни потреби' соопштуваат од министерството. Ова е затоа што 'тежината на цената на Урал како објективен индикатор за цената на извозната вредност на руската нафта' е намален,“ пренесува Блумберг.
Во јануари просечната цена на Урал беше 49,48 долари за барел, што е најниска од декември 2020. За споредба просекот на Брент суровата нафта минатиот месец е 77,82 долари за барел.
Ако минусот приходи од извозот на нафта е очекуван, тоа што го изненадува министерството е падот на данокот од не-енергетски приходи во висина од 28%. За ова министерството во најголем дел вината ја префрла на промените околу ДДВ-то.
Во одделна изјава руското министерство за финансии соопшти дека во јануари продале 3,6 тони злато, како и 2,3 милијарди јуани за покривање на дефицитот. Министерството смета дека и покрај ваквите бројки тоа ќе успее да ги постигне буџетските таргети годинава.