Земјотресот уби илјадници јадници кои бегаа од војната

Греота за сите жртви од земјотресот кој ја погоди Турција и Сирија. Досега се зборува за 5.000 жртви но таа бројка ќе биде можеби и повеќекратно зголемена. Да не биде таа несреќа сама, природната катастрофа погоди област во која милиони луѓе бараа мир и засолниште од 12 годишната војна во Сирија. 

Двата големи земјотреса (и 150-те помали после нив) ја погодија југоисточна Турција и северозападна Сирија, привремен дом за милиони луѓе од Сирија кои беа раселени поради долгогодишните воени конфликти во нивната земја.

За оние од нив кои преживеаја, тоа значи дека повторно ќе мораат да се селат. Меѓународните хуманитарни организации порачуваат дека многумина од нив веќе се селеле преку 20 пати.

Над 4 милиони луѓе во северозападна Сирија, од кои повеќето се жени и деца, се зависни од некаков вид хуманитарна помош. 4,6 милиони луѓе кои се наоѓаат во таа област се лица кои претходно живееле во други делови на Сирија.

А меѓу нив е и сè уште актуелната епидемија на колера која трае од август лани.

Пред земјотресите, ни половина од неопходните 4 милијарди долари потребни за справување со сириската хуманитарна катастрофа не беа обезбедени.

7 февруари 2023 - 09:14