Блек Сабат, Оревокршачката на нашето време

Кралскиот балет во Бирмингем подготвува балетска претстава со музика од Блек Сабат. Идејата да се избуричкаат два жанра кои се чинат неспоиви е на уметничкиот директор од Куба. Уште Пики Блајндерс да можеа да бидат обезбедување, ќе беше сеир да се посматра како во публика ќе се спојат фановите на Блек Сабат и на балетот.

Најавена како „првото светско хеви-метал танцувачко искуство“, балетска претстава во три чина ќе содржи осум песни од Блек Сабат, вклучително мега-хитовите Paranoid, Iron Man, War Pigs, Black Sabbath... ре-оркестрирани за соодветната прилика, ама со додадени тапани и електрични гитари. Останатото ќе биде новa музика, инспирирана од опусот на Блек Сабат. 

Откако кубанската балетска ѕвезда Карлос Акоста стана уметнички директор на Кралскиот балет во Бирмингем, тој се труди институцијата да биде „огледало“ на културата на градот, и според репертоарот и според шареноликиот кастинг. 

„Блек Сабат е веројатно најголемиот извозен производ на Бирмингем, најпопуларниот и најозлогласениот културен ентитет што некогаш се родил во овој град, па ме привлече идејата да спојам две работи кои за повеќето луѓе изгледаат неспоиво“, изјавил Акоста. 

Гитаристот и ко-основач на Блек Сабат, Томи Иоми, здушно го подрржува проектот. Вели дека неговиот бенд секогаш бил иновативен и непредвидлив, а овој потег е целосно во линија со тоа.

 

8 февруари 2023 - 13:27