Ако се прашувате кој има ќар од војната

За Шеврон веќе пишувавме дека пливаат во пари. Сега и БП ги пријави годишните профити за годината во која избувна војна во Украина која предизвика огромен пораст на цените на енергенсите. Тие профити им се рекордни не само за лани- преклани, туку за последните 114 години.

Енергетскиот гигант БП објави рекорден годишен профит кој е повеќе од двојно зголемен од претходната година. 27,7 милијарди долари во 2022 година, во споредба со 12,8 милијарди долари една година пред тоа. 

И други енергетски фирми забележаа слични резултати, при што Шел минатата недела објави рекордна заработка од речиси 40 милијарди. Ваквите мрсни профити ги зачестија повиците енергетските фирми да плаќаат повеќе данок бидејќи многу домаќинства и натаму се борат со зголемените сметки.

Шефот на БП, Бернард Луни, стандардно издекламира дека британската компанија „помага во обезбедувањето на енергијата што му е потребна на светот“ и „инвестира во транзиција кон зелена енергија“.

Цените на енергијата почнаа благо да се зголемуваат по завршувањето на ковид карантините, но нагло се зголемија лани во март, по руската инвазија на Украина.

Цената на сировата нафта достигна речиси 128 долари за барел, но оттогаш падна на околу 80 долари. Цените на гасот исто така прво отидоа џенем но се вратија (освен за нас најпаметните кои на Бугарите им плаќаме фиксна цена).

БП за 10% ги зголеми и плаќањата кон акционерите.

***********

Види и:

И Шеврон сака зелено: долари

Кошта 60, ние плаќаме 98: Дали намерно се испумпуваат пари од буџетот?

Ние ќе ја плаќаме струјата за директорите кои тие ги ставале

7 февруари 2023 - 10:52