Истражувачи соопштија дека успеале да вметнат дигитални податоци (фотографии од 6.142 пиксела) во раствори кои ги имаме во организмот и дека и молекули кои не се ДНК можат да послужат како хард-дискови. Драгичката е во тоа кој е спонзор на истражувањето.
Освен што е лисица, сега е женка и има поминато 3.500 километри од Норвешка до Канада, за време кое научниците го сметаат за најбрзо движење на кој било припадник на животински вид.
Со најдобри намери и мотиви, Стравински решава да изведе своја верзија на химната на неговата земја домаќин. Но, во “The Star-Spangled Banner,” додава еден чуден акорд и ете ти ја бостонската полиција на врата.
Секој кој пораснал деца, или кој во моментов поминува низ таа фаза, знае што значи бебето да ти плаче а ти да немаш појма што му е. Досега имаше две опции: да дијагностицираш дека или му се јаде или му се спие или пак да прибегнеш кон старата мудрост „остај го, ќе преплаче“. Сега се најавува нова можност - плачот да се преведе.
Која е омилената на Кит Ричардс која никогаш не му здосадува? Зошто Џегер ретко сака да ја пее Beast of Burden? Која песна Чарли Вотс ја мачка на леб? Ричардс и Вуд се отвориле за магазинот кој го носи нивното име во еднина.
Меѓународната организација на трудот извади студија со проценка дека топлотните удари и покачувањето на температурата ќе предизвикаат катастрофални економски и работни последици, веќе во 2030 година. Најголеми лузери ќе бидат оние кои и сега се лузери - сиромашните.
Непрофитните болници во САД се ослободени од плаќање локални, државни и федерални даноци. За возврат, помагаат на заедницата и пружаат медицинска помош и нега на сиромашните. Додека не решат дебело да им наплатат.
Додека луѓе нагрнуваат на плажите на Калифорнија за да ја искористат ретката прилика кога океанската вода е со дојранска температура (27 целзиусови степени), луѓе кои со години се занимаваат со подводниот свет вакво нешто немаат забележано: од топлото школките се зготвиле самите во себе.
Игранката станува лакома па онаков каков што го знаеме, без или со мала претплата, стримингот се ближи кон својот крај. Старите серии веќе се повлекуваат од Нетфликс и повторно се враќа времето кога за пет омилени филмови ќе треба да се плаќаат пет посебни претплати.
Нормално, прва помисла е: на тие пари, па уште им доаѓа и да штедат, што народ ќе беа. На второ место е: па до толку сè им е средено што на логото стигнаа да шпараат.
Доаѓа од ланецот за брза храна Арбис, и за среќа за сега е само тролање на веганската плескавица со вкус на месо која воопшто не содржи месо, а како плевел се рашири низ американските ланци за брза храна.
После години минати во јачање на детскиот имунитет со валкано, сега научниците тврдат дека потребата од изложување на деца на прљаво (бацили) всушност е опасен мит.
Кога се штракаат со своите смартфони, луѓето го ризикуваат својот живот повеќе отколку кога влегуваат во море/океан во кое има ајкули. Женски се сликаат, дечки гинат.
Ние ќе гладуваме додека вие спасувате слонови, на кратко е пораката од петте африкански држави кои ја составуваат Каванго-Замбези конзервациската област во јужниот дел од Африка.
100 милиони долари за година и Офис 5 години официјално се сели од Нетфликс на како и да се вика новиот стриминг сервис на Ен-би-си Универзал. По 2020 година.
Прастарата бодибилдерска нервоза гласи „секој ден по 2 саати да читав книга, наместо да кревам тегови, до сега 5 факултети ќе завршев“. Ако е некаква утеха за билдерите, има и бетер, а тоа се луѓето што играат Кенди краш.
Најновата препорака на германските научници е во листата забранети супстанци за спортисти да се додаде - екдистерон, состојка со карактеристики на стероид која може да се најде во спанаќ.
Една од најневеројатните особини на цементот е обемот на загадување на воздухот што се постигнува при неговото производство. Во бројки, на производство на цемент отпаѓаат околу 7% од глобалното загадување со јаглерод-двооксид, што е повеќе од загадувањето од сите камиони во светот.
Човек или животно ќе избега од таму. Или ќе бидат избркани. Бидејќи во својот софтвер ја немаат таа опција, растенијата имаат контра стратегии: наместо да се откорнеш од некое место, ти пушташ корени.
Богат пар од Менхетен стои зад финансирањето на онлајн групи и настани во живо кои шират страв од вакцини, вклучувајќи и два форуми во „епицентарот на годинешната епидемија на сипаници“ во заедницата на ултра-ортодоксни Евреи во Њујорк, објавува Вашингтон пост во својата истрага.