Калифорниското гратче Лагуна бич (23.000 жители) одамна се има решено на еден уникатен метод за спречување шумски пожари: кози
Нивна задача е да го прават тоа што и онака го прават, везден да брстат трева и грмушки кои се главно „гориво“ на шумските пожари.
Првпат пробале уште во 1992 година и локалните власти велат дека методот е екстремно ефикасен. Сега ја имаат најголемата бригада досега (1.000 кози) и нејзините припаднички, инаку увезувани од Перу, расчистиле 80% од нивниот овогодишен таргет кој изнесува илјада квадратни километри.
Властите велат дека жителите за благодарни за придонесот на козите за нивниот спокој и истовремено ги охрабруваат околните овчари да им доаѓаат на гости.
Шефот на пожарната станица во местото вели дека козите се и најевтиното решение бидејќи нивното одржување е околу 10% поевтино отколку за расчистување на нискостаблестите површини да се ангажира човечка рака.