Анализата се базира на отпадните води на европските градови и колку остатоци од кокаин има во нив, па по основа на тоа се одредува дневната потрошувачка.
Така е дојдено до количината од 23 килограми кокаин на ден која се шмрка во Лондон, што според репортажата на Скај њуз е еднакво на 567.445 дози на ден. По оваа основа, нарко-бизнисот, само во Лондон, само од кокаин, има дневен промет од 3,1 милион евра.
Она што го разликува Лондон од останатите европски градови е што таму немало скок на користењето кокаин за време на викендите, туку низ цела недела било идентично високо. Како што ќе објаснат истражувачите од лондонскиот Кингс колеџ „кокаинот во Лондон е дрога за секој ден“.
За споредба, Барселона дневно троши 12,7 килограми кокаин, Амстердам 4,6, исто колку и Берлин.