Зошто „тронашите“ Бениоф и Вајс се откажаа од снимање на Ѕвездени војни?

Летово парот продуценти одговорен за Игра на тронови заедно со своите семејства беа на летување во Италија, семејствата да одморат, а овие двајца за да се видат со Џорџ Лукас и да разговараат со него за трилогијата филмови Ѕвездени војни што треба да ги снимаат. Во понеделникот, двајцата објавија дека го напуштаат проектот.

 

Она што го кажаа во соопштението е дека имаат договорено неколку проекти со Нетфликс во вредност од 250 милиони долари кои би сакале да ги испочитуваат, па заради тоа ќе ги откажат обврските кон Дизни и франшизата Ѕвездени војни. За кратко време излегуваат голем број шпекулации што и како се е причината, и како што е ред се вртат бројни теории на заговор.

За разлика од интернет шпекулациите, Холивуд репортер од свои извори во индустријата дознава дека заминувањето од двајцата се крчка уште од август. Првиот човек на Лукасфилм (од пред некоја година во сопственост на Дизни) Кетлин Кенеди, веќе некое време отворено била незадоволна од тоа што Бениоф и Вајс потпишале договор со Нетфликс во време кога требало да почнат да работат на Ѕвездени војни. Кенеди не била сигурна дека двајцата ќе можат да ја развиваат трилогијата додека во исто време работат на филмови и серии за Нетфликс. (Бениоф и Вајс се познати по тоа дека работат само на еден проект, заради што и не почнаа со никаква работа на Ѕвездени војни се до завршувањето на Игра на тронови.)

Кога го потпишуваа договорот со Нетфликс сомнежот беше дека и покрај тоа што ќе потроши 250 милиони долари, стриминг сервисот ќе им биде на второ место на Бениоф и Вајс, зад Ѕвездени војни, и првиот готов проект ќе го дочека најрано за 10 години. За време на составување на договорот со Нетфликс, Бениоф и Вајс веќе работеа на проектот за Дизни и Лукасфилм. Наводно Нетфликс дознал за раскинувањето на договорот само неколку дена пред тоа да биде објавено во јавноста.

Уште една работа што ја вознемирува Кенеди е дека според договорот со Нетфликс, двајцата треба ексклузивно да бидат на снимањата на проектите, и дека нема да смеат во исто време да отсуствуваат заради Ѕвездени војни. Проблем за Кенеди е што тие се четврти режисери што си заминуваат од Ѕвездени војни проект откако таа на челото на Лукасфилм. Последно инфо од минатиот месец беше дека авторот на Марвел филмскиот универзум, Кевин Фајги, ќе работи со Кенеди на филм за Ѕвездени патеки.

Холивуд репортер пишува дека уште една работа што ги има пишмането Бениоф и Вајс, се „токсичните фанови“ на Ѕвездени војни кои речиси редовно ги ставаат на отстрел режисерите и глумците што не им се по мерак. Ова им е посебно проблематично по драмите што им се случуваа заради начинот на кој одлучија да го завршат серијалот Игра на тронови, со помал број сезони и епизоди од потребното, и посебно крајно лошо изведената последна сезона од серијата.

1 ноември 2019 - 17:32