Се работи за 26-годишен маж од Мериленд кој „развива ткиво на женски гради“, гинекомастија, бидејќи како млад го земал анти-психотичниот лек Риспердал.
Адвокатите на момчето тврдат дека компанијата користела организирана шема за да заработи милијарди долари додека нелегално го рекламирала и промовира апчето. Тие порачуваат дека Џонсон и Џонсон „е корпорација која го вреднува профитот повеќе отколку безбедноста и пациентите“.
За лекот веќе има илјадници тужби, но ова е првата во која поротата решава да додели отштета.
Истиот овој дечко во 2015 добил компензација од 680.000 долари.
Од Џонсон и Џонсон веднаш ја отфрлија одлуката на поротата, објаснувајќи дека е „претерана и неоснована“, па потоа на корпоративниот сајт ја опишаа како „претерано непропорционална“.
Сега дечкото до крајната сума го делат уште неколку судски постапки.
Џонсон и Џонсон, за 2018 пријавува нето заработка од 15,3 милијарди евра.