Тие може имаат „грандиозни“ илузии околу сопствената важност и недостаток на „срам“, но во исто време според психолозите тие е поверојатно да бидат посреќни од најголемиот дел од луѓето. Исто така тие е помалку веројатно да бидат потресени или во депресија.
Инаку, во психологијата нарцизмот се води како една од „мрачните особини“ кај луѓето заедно со психопатија и макевијализам, заради што и истражувачите тргнале да истражуваат зошто во денешно време нарцизмот е толку очигледен и е наградуван наместо казнуван.
„Тие можеби газеле преку луѓе и оставиле низа од емоционална штета околу себе - меѓутоа нарцисите изгледа се имаат изолирано од лошите чувства за самите себе.
Тие имаат пониски нивоа на стрес и е помалку веројатно да го сметаат животот за стресен - со тоа што нивната самодоверба и возвишено чувство на лична важност претставуваат ’заштитни’ особини,“ се објаснува во текстот на Би-би-си.
Истиот тим претходно има една друга студија на темата во која заклучува дека нарцисите е поверојатно да успеат на работа и во социјалната средина - бидејќи нивната „ментална издржливост“ им помогнала да надминат одбивања или разочарувања.