Болки во половината се една од водечките причини за инвалидитет на светско ниво, и овој проблем драматично расте последниве 25 години. На пример, иако болките во вратот е поверојатно дека ќе се намалат во рок од неколку месеци, околу три-четвртини од луѓето кои се пожалиле на вакви болки изјавиле дека тие подоцна им се повториле.
Главната терапија која се нуди за овие проблеми е или промена на столицата на која седиш на работа (купувај ергономска), или промена на позата (нозе поткренати...) или нов тип на биро или кревање монитори, нова тастатура...
Она што новите истражувања покажуваат е дека недоволното спиење, намалената физичка активност и зголемениот стрес се далеку поважни фактори.
Побивањето на митот дека држењето на телото (исправи го грбот/рамениците!) е одговорно за болките во кичмата се базира на студија во која учествуваат над 1.000 тинејџери. Она што е првиот заклучок е дека држењето немало никакво влијание на проблеми со кичмата и болки во вратот, и покрај тоа што меѓу испитаниците имало тинејџери со секакво држење на телото.
„Истражувањето покажало дека т.нр. ’ергономски интервенции’ во начинот на седење додека работиш, имаат мало или воопшто немаат влијание на тоа дали човекот ќе развие болки во вратот. Исто така, има многу малку високо-квалитетни докази дека ергономски интервенции можат да помогнат за побрзо заздравување на некој со болки во вратот,“ се објаснува во текстот на Фаст компани.
Она што најразлични студии претходно го откриваат е дека луѓе кои страдаат од болки во вратот имаат помалку квалитетен сон, работат на позиции со висока напнатост и стрес, се помалку физички активни и се депресивни. Севкупно нивните тела се под поголем стрес и имаат поголем стрес во мускулите на вратот. Дури и кај деца на 9-годишна возраст симптоми како замор и проблеми во спиењето, се сметаат за ризични фактори за појава на болки во врат.
„Од друга страна, посилен врат, уживање во вежбање, па макар и пешачење на поголеми дистанци секој ден, се покажало дека заштитуваат против болки во вратот. Ова, редовно спиење и контрола на стресот, се поуспешни во спречување на болките.
Па слободно седи како сакаш на биро. Ако се фатиш дека долго време си во една позиција, потруди се да ја смениш.
А ако веќе имаш болки во вратот, неколку вечери легни си порано, пробај да направиш нешто што те релаксира и земи прошетај,“ пишува професорот по физиотерапија, Кристијан Ворсфолд.