Проблемот е што ТХЦ (канабис) полнењата за е-цигарите најчесто се нелегални и во себе содржат значителни количини на витамин Е ацетат (токоферил ацетат).
„Затоа што маслото од канабис е скапо, производителите користат ацетат за да го разредат и да го згуснат без притоа да го нарушат вкусот или миризбата. Но ваквите налик масло карактеристики на витаминот се поврзани со типот на респираторни проблеми што голем број пациенти ги пријавија, вклучувајќи кашлање, задишување и болки во градите,“ се објаснува во текстот на Вашингтон пост.
Иако марихуаната до сега до одреден степен е легализирана во 11 сојузни држави, марихуаната и производи од марихуана остануваат нелегални на федерално ниво. Ова значи дека ФДА (Food and Drug Administration) нема надлежност дури ни над најризичните производи од марихуана, ниту пак може да ги провери тврдењата на брендовите кои ги продаваат производите со марихуана. На кратко во конкретниов случај ова значи дека нема кој да провери дали ТХЦ маслото за е-цигари е штетно за корисниците.
До сега во САД имаше 36 смртни случаи поврзани со е-цигари (околу 80% од нив помлади од 35 години), и 1.604 случаи на повреда на белите дробови.