Сите козметички производи кои се имаат по дома треба да бидат надвор од дофат на децата, онака како што вообичаено се прави со лековите, препорачуваат експерти. Амбалажата на тие производи и нивниот мирис се толку атрактивни и привлечни за деца што тие некогаш тешко одолеваат да не пробаат од новото „смути„ од јагоди, кокос или чоколадо.