Над 2,4 милиони луѓе се регистрирале во обид да присуствуваат на Гластонбери. 2020 е и 50-та годишнина на фестивалот. Без разлика како звучат 135.000 влезници за 34 минути ова не е рекордот за фестивалот. Во 2015 картите беа продадени за 20 минути, а во 2016 за половина час.
Бројките се и покрај тоа што се уште не е позната ни целосната постава на музичари што ќе настапат следната година. За сега има некои лабави најави дека на Гластонбери 2020 ќе се појави Пол Мекартни.
Фестивалот ќе се оддржи од 24 до 28 јуни во Сомерсет.
Од организацијата најавија дека во април 2020 ќе организираат препродажба на влезници, а плус ќе има специјално извлекување за уште 50 парови карти.