Извештаите за цензурирање на серијата во Кина, Саут парк ги дочека со инстантно извинување кон целата држава. Проблемот е што извинувањето е од Саут парк и гласи вака:
Во епизодата освен што ги исмеваат властите, Саут парк го споредуваат кинескиот претседател со мечето Вини Пу, што инаку е забрането меме во Кина.
И Кина не е главна мета на епизодата, колку што се самите Соединети држави и нивната тенденција своите содржини да ги адаптираат на кинеското цензурирање. Во епизодата еден од ликовите има реплика: „Не вреди да се живее во свет каде Кина ја контролира уметноста на мојата држава“.
Моментално, кинеската социјална мрежа Веибо не дава никакви резултати кога ќе се пребара „Саут парк“ на англиски или кинески.
Во извинувањето, Саут парк ја зафаќа и НБА и драмата што и се случува последниве неколку дена откако генералниот менаџер на Хјустон Рокетс, Дерил Мореј, на Твитер изрази поддршка за демонстрантите во Хонгконг. Твитот е избришан а НБА веднаш се дистанцираше од изјавата на Мореј, откако беше преплавена со поплаки од спонзорите во Кина и одбивање на кинеските медиуми да пренесуваат натпревари на Хјустон Рокетс.
П.с. спорната епизода ја имате тука