Се работи за маж, некаде околу 40 години кај кого се дијагностицирани сериозни халуцинации и заблуди. Првите симптоми кај пациентот се забележани речиси веднаш по резултатите од референдумот за брегзит.
Дополнителен страв на човекот биле расните инциденти, а откако бил примен на психијатриско лекување (да, до таму стигнал), тој изјавил дека се чувствува „засрамен“ за тоа што бил Британец.
Ужасите на брегзитот прво удриле на сонот на дотогаш главно безгрижниот Британец. Друга работа што се менува е што тој заглавува на социјалните медиуми константно читајќи околу брегзит. На ова се надоврзале домашни проблеми и стрес поврзан со работата.
Психијатарот што го следи во својот текст во BMJ Case Reports, предупредува дека политичките настани можат да предизвикаат значителен психолошки стрес.
Благодарејќи на лекарства (Olanzapine), човекот периодов е добар и покрај сите новини во брегзит драмата.