Министерот за имиграција и интеграција е мета на гневот на муслиманите во земја откако им предложи на тамошните муслимански главешини дека муслиманките во Данска во некои работи треба да бидат рамноправни со другите жени, на пример, секс пред свадба.
Вработените во канадската издавачка куќа на Питерсон се расплакувале поради најавата дека од нивната фирма ќе излезе нова книга на човекот кој ги вознемирува со своите ставови. А штом возрасни луѓе ќе се расплачат, со загриженост настапува „комитетот за диверзитет и инклузија“. Социјалистичкото самоуправување не беше до волку фејк.
Тврдењето се базира на првичните резултати од тестирањето во 3-та фаза, а според нив Спутник вакцината има ефикасност „над 95%“ што е повеќе од сите досегашни западни вакцини.
Сред карпестите вукојебини во Јута откриле сјаен монолитен блок кој потсетува на оној од Одисеја 2001 на Стенли Кјубрик. Властите не ја откриваат локацијата, да не нагрнат луѓе на селфи - аџилак и слични падавичарења.
Барањето на Шапел било Нетфликс да престане да ги репризира старите епизоди од Шапел шоу, затоа што сопственикот на правата, ВиакомЦБС, ги продал без негова дозвола. На целосно изненадување на Шапел, Нетфликс му удоволиле на барањето.
Во оваа пандемија, ниеден бизнис не е сигурен, па ни оние најелитните какви што се рестораните на Рене Реџепи. Откако мораше да го затвори престижниот 108, Рене Реџепи ќе прави и продава бургери и помфрит.
Еден од најдолговечните и најиздржливи аргументи про-миграција во САД, е дека Американецот никогаш повеќе нема да се врати на нива и да собира јагоди или кромид. За да не заборават од каде доаѓа храната на нивните трпези, организацијата на Обединети земјоделски работници изработи серија „честитки“ за Американците за Денот на благодарноста, во кои ги потсетува на луѓето што ги имаат заборавено.
Со оглед на тоа колку науката нè изневери во давање базични одговори за пандемијава која ја дочека со прст во уста, уште долго време нема да можеме да не бидеме цинични кон помпезни најави од типот „научници успеале да го вратат стареењето во рикверц“. Добро е дечки, бркајте работа.
Алкохолното труење (кога црниот дроб не може да го стигне лакомиот сопственик) знае да биде озбилна компликација со фатален исход а лимитирани се третманите. Апарат кој сериозно помага, цело време да ни бил 'пред нос'.
Примероците од крв на пациенти што ја имаат прележано болеста и закрепнале, покажале „долготрајна имунитетна реакција“, пишува Њујорк тајмс во текстот за истражувањето на Универзитетот Аризона во Тусон.
Додека давале бонуси за оние што секој ден ќе се појават на работа, со што ги мотивирале вработените да доаѓаат и болни, менаџерите во една месарска компанија во Арканзас приватно ставале пари на опклада колку работници ќе бидат закачени од ковид.
Голема данска студија вели дека маските не нудат битна заштита за оние кои ги носат. Дали маските ги штитат другите од себе во оваа студија не било испитувано, ама да бидеме реални, колкав е процентот на оние кои носат маска првенствено заради другите?
Откритието на научниците од Универзитетот во Кардиф е дека средството за плакнење уста (mouthwash) што содржи 0,07% цетилридиниум хлорид го убива коронавирусот во рок од 30 секунди.
Зошто еден 40-годишен пациент е хоспитализиран со тешки симптоми, а друг не треба да оди ни на преглед. Постоечките болести, возраста и дебелината се дел од објаснувањето, но не и кога пациентите имаат слична возраст, минато и медицинска историја.
Во морето фејкерски идеи за заштита на планетава (гушкања дрвја и слични „активизми“), постојат и капа долу обиди да се адресираат вистинските проблеми кои ги произведува конзумеристичкото општество. Вишокот храна е еден од нив. Запомнете: леб не се фрла, леб се пие.
Еден културен странски сајт решава да пишува за настарите јазици во светот кои и денес се користат и меѓу десетте најстари, го става и македонскиот. Бугарите веројатно почнале да им се бунат, ама овие им одговориле лабаво: примивме на знаење, бркајте работа.
Кенискиот новинар и политички карикатурист Патрик Гатара направи сатирична твитер нишка од вонредни вести, пародирајќи ја лажливата надмена објективност со која американските новинари често известуваат за избори во неразвиени земји.
Фино и смирувачки звучи најавата на Фајзер дека од вакцината за која имаат оптимистички вести, догодина ќе бидат спремни да испорачаат 1,3 милијарди дози. Само што лавовски дел од тоа веќе имаат купено или капарисано богатите земји. Порисомашните, на вакцина можеби ќе треба да почекаат до 2023 или 2024 година.
Една од ретките светли вести периодов беше дека првичните тестови на новата вакцина на Фајзер и Биоентеч дале многу добри резултати. И ова е важно, затоа што евентуално успешна вакцина е спасителот што го чека планетава. Меѓутоа во самата вест некои работи беа претерани, некои потценети.
На денот на науката (10 ноември), таа излезе со убава вест за човечкото здравје: добиваме ефикасна вакцина за грип одгледана на листови тутун. И вам пак не ви чини.
2.900 независни кино сали во САД кои моментално се затворени поради пандемијата, порачуваат дека без државна помош која би требало да стигне ASAP. веќе во јануари го оставаат катанецот за стално.
„Ова е голем дел за човештвото“, објавија Фајзер и БиоНТек соопштувајќи ги првите привремени резултати на големо истражување на ефикасноста на вакцината на која работат. 90% било повеќе отколку што очекувале.