Откако пресретнуваат пратка кокаин адресирана до еден Австралиец, полицијата има брилијантен план како истовремено и да го уапси дилерот и да не дозволи кокаинот да заврши во негови раце, решението е да го замени кокаинот со шеќер во прав и да го пушти кон крајната дестинација.
И на крај ова стварно им успева. Тие го заменуваат кокаинот, а полицаец во цивилка ја испорачува пратката на адресата на наркодилерот. По ова тие седат скриени пред куќа и го чекаат дилерот да дојде и да ја земе пратката. Кога тој доаѓа тие го апсат, а притоа тој се обидува да избега и да ја скрие пратката во грмушки.
Како што случајот по цела операција уредно завршува на суд, така судијата уредно го ослободува дилерот од сите обвиненија, по основа дека супстанцата што ја нашле кај него е шеќер во прав, чие поседување во Австралија никако не е казниво.
„За целосен прекршок, беше неопходно за обвинителството да докаже вон секоја сомнеж дека обвинетиот има преземено дејствија во однос на забранетата супстанца, а не во однос на инертна замена која позира како контролирана супстанца.
Сите постапки наведени против обвинетиот се случиле по замената на кокаинот со шеќер во прав. Се што направил обвинетиот е да складира, превезува и носи шеќер во прав, што очигледно само по себе не е прекршок,“ објаснува австралискиот судија.