Живот и забава

Неработна недела е само ловиште за популисти и демагози

Малку работи фатија, ама тие што ги фатија, брилијантно ги утнаа. Неработна недела е  уште една демагошка парола околу која лесно се сојузуваат политичари од спротивставени табори. Добро, ќе бидат ли и рампите на патарините дигнати во недела, зашто и тие работници се луѓе? Плус, така полесно ќе биде да се оставаат пари за шопинг во - Солун.

Словачка во декември ќе прави тестови за ковид-19 на сите 5,5 милиони граѓани

Целта на тестот во декември е да се провери состојбата во земјата и дали владата може да ги олесни рестрикциите воведени заради пандемијата, изјавил премиерот Игор Матович.

Рака која стиска, не се суши

Научници од јапонскиот Универзитет Гифу креирале роботска женска рака за осамени мажи. Дека ним им треба да сменат рака, тоа е јасно, ама оваа ја скроз утнува поентата. Ќе имало и верзија за жени и ќе мирисала малку на моторно масло, малку на скара. Да, вакцина за корона сè уште нема.

Дрогата победи на изборите во САД

Освен за претседател, на изборите се гласаше и за стотици закони, меѓу кои дел се однесуваат на наркотици, од лесни до најтешки, и многу од нив пројдоа.

Зошто Европа повторно одеднаш стана центар на коронавирус пандемијата?

Минатата недела во Европа се регистрирани 1,5 милиони (рекордни) нови случаи на ковид-19, меѓутоа не се работи за еден голем бран, туку за голем број помали бранови кои ги навјасаа здравствените системи на континентот.

Пет работи кои ги научивме за ковид во октомври 2020

Што точно значи „близок контакт“? Колку траат анти-телата? Занате ли дека после прележување на болеста, нечии мозоци се постари цели 10 години?

Победникот на изборите во САД ќе го објави Асошиејтед прес

На крај од турбулентна кампања во која секој медиум има свој кандидат па соодветно крши кичма во тој правец, остана на новинската агенција Асошиејтед прес да биде столбот на точноста и вистината околу резултатите од изборите во САД. И Асошиејтед прес за оваа улога ангажираше 4.000 репортери.

Училиштата не се центри за зараза од коронавирус

Податоците кои се кумулираат од сите страни на светот сè посилно сугерираат дека училиштата не се хот-спотови за зараза од коронавирус. Наспроти стравовите, ковид-19 не се разгори откако повторно се отворија школите и детските дневни центри по нивното затворање во првиот бран од пандемијата.

Дежуловиќ: Исто, само бетер

Тој прочуен Запад го занима само фамозната стабилност а најдобри партнери и најпослушни слуги се оние кои имаат за што да бидат уценети.

Милош Васиќ: Сами ќе се урнисаат од лакомост

Дел од интервјуто на белградско „Време“ со Милош Васиќ, еден од основачите на истиот тој весник кој деновиве наполни 30 години а со децении беше еден од ретките резервати на медиумска нормалност. И денес е главно таков, само што сите по малку сме заморени од оние кои „много их је и страшно галаме“.

Дали живееме во симулација? Шансите се 50:50

Го имате ли и вие сè почесто чувството кое ви го раѓа хаосот и апсурдите на секојдневието поради кои помислувате: „Не е можно ова! Некој мора да се заебава со нас!“ Бидете така. 

Во Виндзор некој треба да го враќа часовникот на стотици часовници низ замокот

Во замокот Виндзор има работна позиција хоролошки конзерватор, и овој лик е задолжен два пати во годината да го менува времето на над 400 часовници. Деновиве му беше еден од термините.

Џон Стјуарт се враќа со шоу на Епл ТВ+

Џон Стјуарт дал рака за да продуцира, води и пишува шоу на Епл од слична природа на она што го напушти пред 5 години.

Вухан е речиси без анти-тела

Фамозниот имунитет на стадото е едно од најконтроверзните прашања на тековната пандемија. Од една страна имате озбилни научници кои велат дека е само прашање на време кога тоа ќе стане реалност, од друга страна имате озбилни научници кои велат да не се надеваме на тоа. И оди после сфати ги озбилно. 

Мирослав Радман: Најопасно по животот е да се живее

„Ова што денесе се нарекува наука е досадно и е резултат на тоа што некако се решило дека повеќе ни е потребна технологија отколку знаење. Потребно ни е ресетирање како кај компјутер и од утре да тргнеме поздраво,“ вели прославениот хрватски молекуларен биолог кој неодамна го доби највисокото француско одликување (Орденот на Редот на легијата на честа), а јавноста ја раздрма со дилемата: „Во Хрватска годишно умираат 50.000 луѓе. Зошто 300 мртви од корона би биле поважни?“

Европа ги поддржа лажните бургери и кобасици

Сè започна со пастрмалијата во која нема пастрма и растителниот кашкавал кој не е кашкавал, а работите не одат на добро. Европскиот парламент ја одби иницијативата на месарите да знаеме што јадеме.

Пандемија на измами во светот на шахот

Пандемијата доведе до огромен скок на популарноста на шахот, особено на онлајн играњето на оваа древна игра. Но, истовремено тоа доведе и до поплава на измамници кои до вчера биле трупови а денес играат како велемајстори.

Ништо од Венера, мртва е пустата

Само пред еден месец радосно извикавме „Венера, примаш ли гости?“ пренесувајќи го спектакуларното изненадување дека таму е пронајден биомаркер кој сугерира можност за постоење на живот. Еве нè сега, мораме да пренесеме  дека таму има живот колку што има живот во Богданци во четврток навечер.

Се заморивме ли од премногу вести за короната?

Помалку да се известува за короната и пандемијата? - Да, ве молам, пишува Кристина Бурак, бидејќи состојбата е премногу сериозна и медиумите би требало да престанат да ги душат потребните информации со поплава од непотребни вести. 

Фејсбук и Твитер се пример дека полош од државен монопол е само приватен монопол

Случајот го пренесовме кога беше тазе (види “Фејсбук и Твитер цензурираа текст на Њујорк Пост против Бајден“), но ситуацијата вреди да се стави во поширок контекст за да се доловат двојните стандарди на моќните социјални мрежи и нивното опасно играње со цензурата и слободата.

Маски на отворено за умови на затворено

На почетокот на пандемијата, алфа и омега на нашата заштита од новиот коронавирус беа миењето раце и дезинфекцијата, за по некое време приматот да го заземат маските за кои сега се лобира да се носат дури и на отворено, иако за тоа не постојат никакви научни докази и аргументи. Ќе помислиме дека е тоа така само затоа што за маски полесно се казнува отколку да нè проверуваат дали рацете ни мирисаат на сапун.   

Да слушнеме една песна тешка 20 години затвор

Холвудски рапер прави песна со наслов EDD. Тоа е департмент за вработување на Калифорнија. Се фали како ги одрал. Песната има преку 500.000 прегледи на Јутјуб, само што некои од тие пола милион кликови биле на ФБИ. 

Стискате ли ко што треба?

Човечката дланка е фасцинантен гаџет. Пoкрај сите корисни (и убави, молим лепо) функции кои ги има, таа може да биде и показатал за општото физичко здравје но и за дијагностика на конкретни проблеми. Не со гледање, туку со стискање.

Имунитет за деца само од играње во зеленило

Децата кои наместо на бетон играат во зеленило, шуми, тревници, грмушки, во рок од само еден месец имале подобрување на имунитетниот систем.